Производите на Витаминка во центарот на вниманието на саемот СИАЛ во Париз
Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2016 12:37
Производите на Витаминка се најдоа во центарот на вниманието на најголемиот светски саем за храна СИАЛ Париз 2016. Компанијата се претстави со голем број од своите производни програми, а преку непосредни контакти и дополнителни активности побуди интерес и кај посетителите и кај самите изложувачи.Тимот на Витаминка, присутен на саемот е задоволен од претставувањето и реакциите на посетителите.

„СИАЛ Париз е веројатно најголемиот и најпосетуван саем за храна и место за отворање на многу потенцијални пазари. Со 7000 изложувачи од 104 земји и уште илјадници посетители, бенефитите од тукашното присуство се бројни. Создавате визуелен идентитет на своите производи, го претставувате самиот производ и квалитетот и преку дополнителните активности, што овие манифестации ги нудат, ја пренесувате и сопствената приказна. Искуството е навистина корисно, воспоставивме иницијални контакти, го проценивме и измеривме приемот од потрошувачите и добивме информации што многу ќе ни користат во понатамошната стратегија“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор Извоз во Витаминка.
Присуството на саеми е клучниот чекор во развојната стратегија на Витаминка, која што е редовно застапена на саемските манифестации низ целиот свет. Токму ваквиот пристап, воспоставувајќи директен контакт со дистрибутери, ланци на маркети но исто така и со самите потрошувачи, придонесе производите и брендовите на Витаминка да бидат присутни во над 30 земји во светот.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




