17 Декември, 2025
0.0573

Пројде ли најтешкото? Која македонска фирма има просечен девизен прилив од 50.000 евра дневно?

Објавено во: Економија 26 Јули, 2022 07:34

Добивај вести на Viber

Најголемиот македонски производител на челични конструкции повлече нога и значајно го зголеми извозот во првото полугодие годинава во однос на истиот период лани. Девизниот прилив е повеќе од добредојден во овие неизвесни и тешки моменти за македонската економија

Најголемиот македонски производител на челични конструкции се враќа на старите патеки. За првите шест месеци скопски „Факом“ продаде стоки во вредност од 10,4 милиони евра од кои од извоз се 8,85 милиони евра.

Официјалните податоци од објавениот биланс за првите шест месеци годинава покажуваат дека „Факом“ го зголемил извозот за 79 отсто, што укажува на тоа дека оваа македонска компанија ги зазема силните извозни позиции кои ги имаше пред корона кризата. Очигледен е фокусот на менаџментот на компанијата на надворешните пазари и тоа се гледа од структурата на приходите во кои извозот учествува со фантастични 85 отсто.

Ова е многу важен податок за компанијата, но и за извозниот аспект на македонската економија особено сега во услови на се посилен притисок врз девизниот курс на денарот.

Продажбата дома на „Факом“ за првите шест месеци изнесува нешто повеќе од 1,5 милиони евра и тоа е за 32 отсто помалку во однос на истиот период лани. Вкупната продажба на домашниот пазар и извозот во однос на истиот период минатата година порасна за 43 отсто.

Оперативните расходи на компанијата во овој период растат со речиси иста динамика со која растат и приходите. До крајот на јуни достигнаа 10,5 милиони евра што е за 44 отсто повеќе од истиот период лани. Очекувано, со оглед на растечките цени, најголемо зголемување на трошоците има кај суровините и другите материјали за кои „Факом“ платил 6,15 милиони евра што е речиси двојно повеќе од истиот период лани. 

Особено е интересно и позитивно тоа што „Факом“ во овие тешки и непредвидливи услови на работа ја зголеми грижата за своите вработени. Трошоците за вработените компанијата ги зголемила за 10 отсто во споредба со лани и тие сега изнесуваат 3,17 милиони евра.

Оперативната добивка на компанијата изнесува 76.000 евра и е за 14 отсто пониска од претходната година.

И понатаму рак – рана останува кредитирањето на производниот процес. Финансиските расходи на „Факом“ поточно трошоците за камати и курсни разлики за првите шест месеци изнесуваат 110.000 евра и во споредба со истиот период лани се повисоки за 7 отсто. И токму заради нив слично како и истиот период лани добивката на компанијата изнесува нешто помалку од 3.000 евра иако во споредба со лани е повисока за 47 отсто.

Од билансот на состојба е видливо дека во првите шест месеци годинава „Факом“ значајно ги зголемил побарувањата од купувачите во споредба со истиот период лани. Тие сега изнесуваат речиси 5 милиони евра и се за 49 отсто повисоки од лани. Краткорочните вложувања за крајот на јуни книговодствено изнесуваат 3,7 милиони евра и во спореба со истиот период 2021 година се повисоки за 17 отсто.

Во делот на тековните обврски вреди да се истакне значајно зголемување во ставката на обврски спрема добавувачи и останати обврски во споредба со лани. Растот е 37 отсто односно состојбата на 30 јуни годинава надминува 10,2 милиони евра. За кракторочни кредити „Факом“ должи 4 милиони евра и тука е речиси идентично како и претходната година. Компанијата нема долгорочни обврски.

Доминантен сопственик на „Факом“ е странската компанија „Репро Оне Лимитед“ која поседува над 97 отсто од акциите. Околу 2,7 отсто од акциите поседуваат стотина домашни физички лица.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?