19 Ноември, 2024
0.0271

ПроКредит Банка понуди нов станбен кредит со фиксни каматни стапки

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка го претстави новиот Станбен кредит кој нуди конкурентни услови и е наменет за лица кои планираат да инвестираат во нов дом или да ги рефинансираат постоечките станбени кредити. Новата понуда нуди транспарентни услови и фиксни каматни стапки за период од 5 и 10 години, овозможувајќи стабилност и сигурност.

Покрај фиксните каматни стапки, кои изнесуваат само 3,25% за првите 5 години и 3,6% за првите 10 години, новиот кредит на ПроКредит Банка е без трошоци за исплата, како и без задолжителна полиса за животно осигурување .

Уште една значајна предност е тоа што клиентите имаат можност да искористат 20% од средствата неконтролирано за уредување на домот или реновирање, што дополнително ја зголемува атрактивноста на оваа понуда.

„Станбениот кредит го креиравме со цел да им овозможиме на нашите клиенти поддршка во остварувањето на нивните планови со обезбедување финансиска сигурност и можност за долгорочно планирање преку предвидливост во отплатата. Со фиксните каматни стапки и отсуството на дополнителни скриени трошоци, веруваме дека обезбедивме најповолни услови за оние кои сакаат да направат важен чекор кон нов дом или да го оптимизираат веќе постоечкиот кредит,“ појаснуваат од ПроКредит Банка.

Станбениот кредит е создаден за клиенти кои бараат сигурен партнер, нудејќи им стабилност во финансиското планирање со фиксни месечни рати.

ПроКредит Банка продолжува да ја нагласува својата посветеност на транспарентноста и фокусот кон клиентите, нудејќи решенија кои обезбедуваат долгорочна финансиска одржливост.

Сите информации за новиот Станбен кредит на ПроКредит Банка се достапни на следниот линк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

Samsung ја проширува достапноста на најновите искуства со носиви уреди за повеќе корисници

Samsung ја проширува достапноста на најновите искуства со носиви уреди за повеќе корисници

Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Отворен ден во Бимилк: Граѓаните се информираа за врвниот квалитет на млечните производи

Отворен ден во Бимилк: Граѓаните се информираа за врвниот квалитет на млечните производи

Халкбанк АД Скопје - Лидер во поддршка на женското претприемништво

Халкбанк АД Скопје - Лидер во поддршка на женското претприемништво

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ МАКЕДОНИЈА ЏИО СТРУМИЦА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ МАКЕДОНИЈА ЏИО СТРУМИЦА

Агенцијата за поддршка на претприемништво ја одбележува Европската недела на претприемништво со низа активности

Агенцијата за поддршка на претприемништво ја одбележува Европската недела на претприемништво со низа активности

A1 Македонија почна нов циклус работилници за едукација на децата за безбедно користење интернет

A1 Македонија почна нов циклус работилници за едукација на децата за безбедно користење интернет

Размислувате за иднината на вашиот средношколец? Има начин како вашето дете може да стане дел од професионалниот свет уште во средно

Размислувате за иднината на вашиот средношколец? Има начин како вашето дете може да стане дел од професионалниот свет уште во средно