19 Ноември, 2024
0.0265

Агенцијата за поддршка на претприемништво ја одбележува Европската недела на претприемништво со низа активности

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Од 18 до 24 ноември 2024 година, Агенцијата за поддршка на претприемништвото ќе ја одбележи Европската недела на претприемништвото со богата програма од активности насочени кон едукација и инспирација на младите и претприемачите ширум Македонија. Со организирање на Европската недела на претприемништвото, Агенцијата има за цел да ја подигне свеста за важноста на претприемачкиот дух и да создаде позитивна претприемачка култура.

Во текот на Европската недела на претприемништво, Агенцијата ќе реализира низа активности за поттикнување на претприемачкиот дух. Во рамки на програмата, претставници на Агенцијата, на 15 ноември одржаа успешна средба со учениците од средното училиште „Орце Николов“, при што младите ученици имаа можност да се запознаат со основните принципи на претприемништвото и програмите и мерките кои ги нуди Агенцијата. Во рамките на оваа посета, в.д. Директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Даниела Димовска се сретна со директорот на гимназијата „Орце Николов“, Митко Димовски и тимот професори од училиштето.

Директорката Димовска присуствуваше и на работилницата за млади во циркуларна економија, која ја организираше ЏА Македонија, невладина организација на чело со Извршниот директор Љупка Панчевска, која работи на развој на претприемничкото образование, финансиска писменост и подготовка на младите за работа, (Girls Go Circular), проект развиен од Европскиот институт за информации и технологија и финансиран од Европската Унија. На оваа средба, Димовска и претставниците од Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги запознаа професорите и  учениците со програмите за работа и обуките кои ги организира Агенцијата.

Во текот на денешниот ден ќе следуваат нови едукативни средби со учениците од средните училишта „Арсени Јовков“ и „Лазар Танев“, а попладнево се предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија

Како дел од одбележувањето, на 20 ноември, претставници од Агенцијата ќе ги посетат и фирмите „Винарија Чифлик“ од Битола и „СВАРОГ“ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува  Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој.

Во рамките на Европската недела на претприемништво, Агенцијата за поддршка на претприемништвото најавува и посебен настан - Mentors Awards 2023, кој ќе се одржи на 21 ноември, а е поддржан од Јапонската Агенција за меѓународна соработка JICA. Овој настан е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и поддршка ги инспирираат младите претприемачи и играат важна улога во нивниот развој и успех.

Агенцијата како државна институција во рамките на своите редовни годишни програмски активности, реализира обуки за претприемачко образование и обуки за бизнис план во сите градови на државата и ги едуцира младите средношколци на вештините за дигитално и зелено претприемништвото, со цел да се поттикне претприемaчкиот дух кај младите генерации, особено преку основање бизниси на млади луѓе кои  ќе бидат доволно потковани да се задржат на пазарот трудот, бидејќи тоа е единствениот пат кон конкурентна економија на долг рок. Преку овие активности, Агенцијата континуирано вложува во нови генерации претприемачи и создава платформа за развој на успешни претприемачки приказни кои ќе ја поттикнат економијата и иновациите во Македонија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

Samsung ја проширува достапноста на најновите искуства со носиви уреди за повеќе корисници

Samsung ја проширува достапноста на најновите искуства со носиви уреди за повеќе корисници

Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Отворен ден во Бимилк: Граѓаните се информираа за врвниот квалитет на млечните производи

Отворен ден во Бимилк: Граѓаните се информираа за врвниот квалитет на млечните производи

Халкбанк АД Скопје - Лидер во поддршка на женското претприемништво

Халкбанк АД Скопје - Лидер во поддршка на женското претприемништво

ПроКредит Банка понуди нов станбен кредит со фиксни каматни стапки

ПроКредит Банка понуди нов станбен кредит со фиксни каматни стапки

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ МАКЕДОНИЈА ЏИО СТРУМИЦА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ МАКЕДОНИЈА ЏИО СТРУМИЦА

A1 Македонија почна нов циклус работилници за едукација на децата за безбедно користење интернет

A1 Македонија почна нов циклус работилници за едукација на децата за безбедно користење интернет

Размислувате за иднината на вашиот средношколец? Има начин како вашето дете може да стане дел од професионалниот свет уште во средно

Размислувате за иднината на вашиот средношколец? Има начин како вашето дете може да стане дел од професионалниот свет уште во средно