19 Ноември, 2024
0.0289

Халкбанк АД Скопје - Лидер во поддршка на женското претприемништво

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Халкбанк АД Скопје веќе една ипол година гради успешна приказна за поддршка на женското претприемништво, промовирајќи ја истовремено својата заложба за рамноправност и финансиска слобода на жените.

Преку внимателно креиран Пакет за жени кој е дизајниран да одговори на различните потреби на микро, малите и средните претпријатија каде сопственици или менаџери се жени, со реализирана кредитна линија од 10 милиони евра,  банката веќе им овозможи успешен бизнис на повеќе од 300 клиентки во земјата.

Пакетот за жени нуди низа погодности како можност за добивање финансиски средства за основни и обртни средства во висина до 500.000 евра, со фиксна и варијабилна каматна стапка во зависност од намената на средствата. Пакетот обезбедуваи низа други бенефиции како бесплатно водење на сметката, пониски провизии за денарски платен промет и за плаќање налози преку е-банкинг, без месечен трошок за електронско банкарство. Тој исто така вклучува и бизнис Мастеркард дебитна картичка без надоместок за издавање и намален трошок за годишна членарина за Мастеркард кредитна картичка, зголемени каматни стапки за депозити за правни лица, како и еднократен попуст за каско, домаќинско и патничко осигурување издадено од Халк Осигурување.

Покрај финансиските услуги, Халкбанк преку платформата за зајакнување на финансиската слобода на жените, реализира и низа настани, кампањи и поддршки. Почнувајќи од хуманитарните акции поврзани со продажба на „Фустаните со џебови“, преку пласирање на кампањите за финансирање на женските бизниси, па се до низата настани наменети за вмрежување и овозможување на меѓусебна поддршка на жените, Халкбанк заедно со својот партнер Мастеркард ја подигнаа на повисоко ниво свеста и перцепцијата за финансиската моќ и слободата на жените во земјата.

Оваа платформа денес е повеќе од финансиска поддршка – таа е инспирација за „Силни, храбри и независни приказни“ која продолжува да се развива и унапредува согласно потребите од задоволните и потенцијални клиентки.

*пр-објава

Можеби ќе ве интересира

15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

Samsung ја проширува достапноста на најновите искуства со носиви уреди за повеќе корисници

Samsung ја проширува достапноста на најновите искуства со носиви уреди за повеќе корисници

Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Отворен ден во Бимилк: Граѓаните се информираа за врвниот квалитет на млечните производи

Отворен ден во Бимилк: Граѓаните се информираа за врвниот квалитет на млечните производи

ПроКредит Банка понуди нов станбен кредит со фиксни каматни стапки

ПроКредит Банка понуди нов станбен кредит со фиксни каматни стапки

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ МАКЕДОНИЈА ЏИО СТРУМИЦА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ МАКЕДОНИЈА ЏИО СТРУМИЦА

Агенцијата за поддршка на претприемништво ја одбележува Европската недела на претприемништво со низа активности

Агенцијата за поддршка на претприемништво ја одбележува Европската недела на претприемништво со низа активности

A1 Македонија почна нов циклус работилници за едукација на децата за безбедно користење интернет

A1 Македонија почна нов циклус работилници за едукација на децата за безбедно користење интернет

Размислувате за иднината на вашиот средношколец? Има начин како вашето дете може да стане дел од професионалниот свет уште во средно

Размислувате за иднината на вашиот средношколец? Има начин како вашето дете може да стане дел од професионалниот свет уште во средно