19 Ноември, 2024
0.0252

A1 Македонија почна нов циклус работилници за едукација на децата за безбедно користење интернет

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Едукативната програма за деца „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!“ во организација и реализација на А1 Македонија продолжува и во учебната 2024/2025 година. Новиот циклус работилници почна во ООУ „Коле Неделковски“ во Скопје за учениците од четврто одделение.

„Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!“ е програма наменета за најмладите, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени на возраста и на образовната програма, веќе седум години по ред ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа да ги заштитат своите лични податоци.

„Продолжувањето на проектот е одговор на растечката потреба за дигитална писменост во денешниот онлајн свет. Работилниците ќе опфатат широк спектар на теми, вклучително и заштита на личните информации, разбирање на сајбер насилството, вештачката интелигенција, идентификување на онлајн ризиците, како и промовирање здраво онлајн однесување. Како што технологијата продолжува да се развива, така се развиваат и ризиците со кои се соочуваат децата на интернет. Нашите искусни волонтери се подготвени и оваа година да им помогнат на најмладите интернет-корисници безбедно да се движат низ светот на интернетот и среќни сме што ќе им ги овозможиме овие работилници на децата“, изјави Елена Димовска, раководителка на Одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

“Живееме во дигитална ера и од суштинско значење е да ги опремиме најмладите со знаења и вештини за безбедна навигација на интернет. Ја поздравувам иницијативата на А1 Македонија која со години посветено ги учи учениците како да ги препознаваат ризиците на интернет, да ги почитуваат дигиталните граници и да ги заштитат нивните лични информации. Заедно со наставниците и родителите имаме за цел да создадеме безбедна онлајн средина каде што нашите деца ќе можат да учат, истражуваат и да растат самоуверено“ – изјави директорот на училиштето, Александар Христовски.

До крајот на учебната година се предвидени најмалку 10 работилници во Скопје и во неколку градови во Македонија.

За „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно!“

„Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“ е дел од ESG проектот на Групацијата Телеком Австрија, со која сите членки на Групацијата се обврзуваат на одржливо работење и вложување во заедницата, првенствено за дигитална писменост на најразлични возрасни групи.

Во рамките на проектот, предавањата од 2018 година досега ги проследиле повеќе од 5000 четвртоодделенци, од 54 училишта и 13 града во земјава.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието.

Повеќе информации за едукативната програма „Интернетот не е само игра. Кликај безбедно“ се достапни на веб-стрaницата на А1 Македонија на Дигитална писменост - A1

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

Samsung ја проширува достапноста на најновите искуства со носиви уреди за повеќе корисници

Samsung ја проширува достапноста на најновите искуства со носиви уреди за повеќе корисници

Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Отворен ден во Бимилк: Граѓаните се информираа за врвниот квалитет на млечните производи

Отворен ден во Бимилк: Граѓаните се информираа за врвниот квалитет на млечните производи

Халкбанк АД Скопје - Лидер во поддршка на женското претприемништво

Халкбанк АД Скопје - Лидер во поддршка на женското претприемништво

ПроКредит Банка понуди нов станбен кредит со фиксни каматни стапки

ПроКредит Банка понуди нов станбен кредит со фиксни каматни стапки

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ МАКЕДОНИЈА ЏИО СТРУМИЦА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ МАКЕДОНИЈА ЏИО СТРУМИЦА

Агенцијата за поддршка на претприемништво ја одбележува Европската недела на претприемништво со низа активности

Агенцијата за поддршка на претприемништво ја одбележува Европската недела на претприемништво со низа активности

Размислувате за иднината на вашиот средношколец? Има начин како вашето дете може да стане дел од професионалниот свет уште во средно

Размислувате за иднината на вашиот средношколец? Има начин како вашето дете може да стане дел од професионалниот свет уште во средно