15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“
Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2024
Под слоганот „Вкуси го мометот, искуси ја авантурата“, изминатот викенд во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци се одржа петнаесетото издание на Фествалот на младо вино – еден од најпрестижните настани во регионот, посветени на виното и винската културасо кој оваа година го прославуваме секој момент на уживање и авантури кои ги раскажува виното и ги доживуваат оние кои го уживаат. И годинава, на настанот за кој цела година се зборува и со нетрпение се очекува, присуствуваа голем број пријатели, соработници и парнери на „Тиквеш“ од земјава, целиот регион и пошироко, со што придонесоа во градењето на автентичната винска култура и традицијата на евалуација на виното од најновата берба во нашата земја, по примерот на останатите земји - големи произвдители на вино во светот.
„Некој мудар човек рекол ,Не оди по веќе трасирани патеки, оди таму кај што нема пат и остави трага зад себе’. За нас во Тиквеш секоја берба е нетрасирана патека. Навикнати сме да се соочуваме со различни услови, ситуации, проблеми... Но, сакаме да оставиме трага. И не било каква трага. Она што го правиме е на ниво на најдоброто во светот. Затоа ги ангажираме најдобрите светски експерти и ги применуваме најмодерните светски практики во произвдството на вино. Затоа квалитетот на нашите вина е на рамниште со најдобрите и тоа е потврдено од вински експерти и критичари и со многуте освоени награди. Истовремено, се трансформираме во зелена винарница и применуваме ЕСГ-стандарди за да ја заштитиме околината, да го сочуваме биодиверзитетот и да ги ублажиме климатските промени“, истакна меѓудругото претседателот на Усравниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во своето поздравно обраќање пред присутните на годинешниот фествал. Искажувајќи благодарност до сите соработници и партнери – лозарите, купувачите, добавувачите, институциите, локалната заедница и останатите домашни винарници, Јаневски рече: „Нашиот успех е и ваш успех и не би бил возможен без постојаната поддршка што ја добиваме. Ви благодариме што сте дел од нашите активности, што ја разбирате нашата визија и што придонесувате за нејзиното остварување“.
Според оценките на енолошкиот тим и впечатоците на присутните на овој престижен настан, новите вина на „Тиквеш“, ѝ покрај сите предизвици и климатски фактори кои имаа влијание врз годинешната реколта, располагаат со одлични карактеристики, висок квалитет и потенцијал да бидат новите ѕвезди во портфолиото на „Тиквеш“, освојувајќи високи оценки, признанија и нови медали на реномирани светски вински натпревари. Посебен впечаток на годинешниот фестивал остави младото вино од сортата смедеревка, за која енолозите на „Тиквеш“ сметаат дека, заедно со вината од останатите локални сорти, ќе биде вистинско пријатно изнадување за потрошувачите. Покрај останатите веќе добро познати вина на „Тиквеш“, на годинешниот фестивал премиерно беа претсавени и младите вина од сортите малвазија и станушина, кои допрва ќе ги пленат љубителите на доброто вино.
Покрај во доброто вино и вкусната храна, гостите на годинешниот Фестивал на младо вино во „Тиквеш“ можеа да уживаат и во богата забавна програма за која се погрижија младите џез музичари од музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, виртуозот на гитарата маестро Влатко Стефановски, српскиот музичар Дејан Петровиќ и неговиот Биг-бенд, како и диџејот Марко Минт.
Следејќи го искуството од претходните години и овој Фестивал на младо вино имаше добротворен карактер. Имено, согласно својата трајна определба за општествено одговорно делување, „Тиквеш“ им овозможи на сите посетители на фестивалот да дадат свои парични донации кои ќе бидат наменети за поддршка на организацијата „Донирај компјутер“ која обезбедува компјутери за социјално загрозени семејства и на Комисијата за еднакви можности, која функционира во рамки на Општина Кавадарци и работи на зајакнување на жените на локално ниво и на унапредување на родовата еднаквост.
пр објава