17 Мај, 2024
0.0285

Прокредит со платформа за развој и поддршка на нови бизнис партнерства во регионот

Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка во рамки на својата развојно ориентирана мисија, на македонските бизниси со кои соработува, покрај финансиска услуга им нуди и дополнителна можност за развој на нови ригионални бизнис можности и партнерства. Клиентите кои соработуваат со ПроКредит Банка имаат можност да остварат деловна соработка со бизниси од интерес преку серија на регионални бизнис средби помеѓу клиенти на ПроКредит банките во рамки на својата меѓународната групација.

ПроКредит за бизнисите кои функционираат регионално нуди прилагодена услуга која ја олеснува работата со регионалните партнери и го поддржува отварањето на претсавништва на македоснки бизниси во регионот.

b2b

Ваквите можности и финансиката услуга за поддршка на бизнисите беа дискутирани на регионалната средба во Приштина, помеѓу бизниси од Македонија, Албанија и Косово. Настанот беше организиран од ПроКредит банките од Македонија, Албанија и Косова како дел од стратегијата за поддршка на развојот на локалните бизниси од трите земји.

На истиот присуствуваа над 100 компании кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на прехрамбени производи како и комплементарни бизниси како супермаркети, дилери на машини, пакување и сл. Преку оваа средба ПроКредит Банка им даде на своите клиенти можност да ги промовираат своите производи пред бизнисите од регионот и да запознаат нови партнери .

‘’За овој настан и за сите бенефити кои ги црпиме од него, можам само да ја пофалам Прокредит банка . Поврзувањето е во интерес на развој на нашиот бизнис, и ова е една добра можност за да се запознаеме, да почнеме да соработуваме и на крај да направиме конкретни резултати. Денес благодарение на овој настан остварив неколку средби со компании заинтересирани за пласман на моите производи на пазарите во Косово и Албанија, а истовремено најдов луѓе кои можат да ми помогнат со нивни производи во мојот бизнис на малопрдажба во Македонија. Овој настан е доказ дека на Балканот има повеќе од доволно пазар, но под услов бизнисмените да знаат да го видат и искористат.’’ изјави Г-дин Абедин Мурати, Мољика, големопродажба и малопродажба на прехрамбени призводи од Тетово

Претставници на Управните Одбори на трите банки изјавија дека ПроКредит како специјализирана бизнис банка со силно регионално присуство има посебно развиена услуга погодна за фирми кои извезуваат, се во постојана активна потрага по нови партнерства, имаат или планираат да отворат свои претавништва во регионот. ПроКредит може да им понуди многу побрзи и поефтини трансфери, регионално финансирање на сите свои претставништва од една банка и пристап до бизнис контакти.

“Овие настани ги организираме за поддршка на локалните бизниси. ПроКредит Банка како активен поддржувач на бизнисите покрај финснсиска поддршка, инвестира во нивна промоција и развој. На бизнисите кои учествуваа на овој настан им овозможивме да запознаат нови партнери, да пронајдат нови пазари за своите прозиводи и да го прошират своето работење во регионот. Услугата од ПроКредит Банка за ваквите бизниси е прилагодена да го поддржие нивниот регионален развој. Односот меѓу бизнисите е значаен за развојот на нашата економија и ваквите настани ќе продолжиме да ги организираме. “ - Изјави Емилја Спировска– Член на Управен Одбор на ПроКредит Банка Македонија.

End picture

Вакви регионални средби од различни индустрии кои имаат потенцијал за регионална соработка ќе следат помеѓу бизниси во кој работи ПроКредит Банка-Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!