19 Декември, 2025
0.0399

ПРОМАШЕНИ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ НА ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ: СДСМ реагира на инфлацијата од 4,8 отсто

Објавено во: Финансии 08 Август, 2025 10:53

Добивај вести на Viber

Инфлацијата вртоглаво расте – со ВМРО-ДПМНЕ секој нов месец е нов удар врз стандардот на граѓаните. Државниот завод за статистика објави алармантни бројки – инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8%. Овие катастрофални бројки не се на „четврта економија“ туку на економија во слободен пад. Резултат на тотално промашените економски политики на Владата на Христијан Мицкоски, рече на прес конференција Ема Нешковска, заменик-претседателка на Форумот на жени на СДСМ.

Таа вели дека животот станува потежок, а граѓаните имаат помалку пари.

„Речиси сè е поскапено, а најмногу храната и основните производи. Животот станува сè потежок, граѓаните имаат сè помалку пари, илјадници семејства во Македонија едвај врзуваат крај со крај. Родителите се приморани да се откажуваат од многу работи за да можат да обезбедат оброк за своите деца, прават секојдневни математики – дали да платат сметки или да купат основни намирници. И додека народот едвај врзува крај со крај и секојдневно се бори со високите цени, премиерот Мицкоски уште „анализира“. Власта тврдоглаво ги одбива конкретните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите“, рече Нешковска.

Таа посочи дека владата има готови предлози од СДСМ кои треба да ги реализира.

„Не може народот да биде на леб и сол и да чека мерки, додека владините функционери се луксузираат и се гоштеваат со папаја и манго. Не требаат „анализи“ и промашени мерки со „кошнички“. Владата има готови предлози од СДСМ – нека ги реализира: укинување на ДДВ за храна, зголемување на минималната плата и покачување на платите во другите сектори. Само на овој начин цените ќе се намалат а ќе се заштити стандардот и понатамошното осиромашување. Времето на владина незаинтересираност и арчeње на парите на граѓаните мора да заврши. Сметката секој ден ја плаќаат граѓаните“, изјави Нешковска.


Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми