17 Декември, 2025
0.0815

Прометот во индустријата паѓа на домашниот, расте на странскот пазар

Објавено во: Економија 15 Август, 2013 19:19

Добивај вести на Viber

Раст од 6,3% бележи прометот во индустријата за периодот од јануари до јуни годинава, споредено со истиот период минатата година. Според соопштението кое денеска го објави Државниот завод за статистика, прометот во индустријата во јуни годинава споредено со истиот месец лани пораснал за 14,9 проценти Сепак, остварениот промет во индустријата на домашниот пазар во јуни бележи опаѓање на годишно ниво и тоа за 6,3 отсто. Прометот реализиран на странските пазари пак има пораст од 27,7 отсто. По сектори, на исто ниво споредено остана прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни годинава во однос на јуни лани. Подобрување има во секторот „преработувачка индустрија“ каде се бележи раст од 15,8 проценти. Во однос на главните индустриски групи, раст има кај „енергијата“ од  53,4 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,9 проценти, „капиталните производи“ за 67,2 проценти и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 9,9 проценти. Пад пак се забележува кај трајните производи за широка потрошувачка за 19,6 проценти. Во однос на минатиот месец мај, прометот во индустријата во јуни годинава е намален за 5,1 %.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?