Промоција на трета книга во рамките на проектот Создади книга
Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2015 17:43
На овогодинешниот саем за книга, ЕВН Македонија ја промовираше третата збирка раскази, дел од проектот – „Создади книга”. Авторите Сефер Селими, Ѓоко Здравески, Иван Шопов и Ѓорѓи Крстевски имаа можност да ги објават нивните кратки творби во новото издание раскази.
Авторите го изразија своето задоволство од поддршката што ЕВН им ја даде преку проектот „Создади книга” и сметаат дека ова е одлична можност нивните досега необјавени дела да стигнат до пошироката читателска публика.
„Мило ни е што проектот „Создади книга” беше позитивно оценет од публиката и јавноста. За ЕВН Македонија, ова претставува дополнителен поттик за продолжување на активностите на компанијата за поддршка на македонската литература и творештво” – изјави Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации од ЕВН Македонија.
„Создади книга” е проект од областа на општествената одговорност за поддршка на македонската литература и поттикнување на читањето. Преку услугата е-фактура на корисниците им се испраќаат електронски фактури за електрична енергија наместо печатени. Со ова, заштедената хартија ЕВН ја пренаменува во страници во книга раскази од македонски автори кои претходно немале можност да ги објават своите дела. Во трите книги објавени досега, публикувани се делата на 14 автори, некои од нив познати на читателската публика, а некои преку овој проект го доживеаа своето првенче.
Сите посетители на самот за книга кои на штандот на издавачката куќа Табернакул ќе се пријават за услугата на ЕВН Македонија е-фактура или пак што ќе го купат последното издание од уличното списание посветено на читањето „Лице в лице” ќе имаат можност новата книга да ја добијат бесплатно. Трите изданија во наредниот период ќе бидат донирани и во библиотеките ширум државата.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка






