Промовирана Национална платформа за женско претприемништво за економско јакнење на жените

Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2021
За креирање на вистински политики кои ќе придонесат за унапредување на женското претприемништво во земјата потребно е да се обединат сите главни чинители, што ќе се постигне преку креирање на Националната платформа за женско претприемништво, чија промоција се случи денеска, на коференција на која учествуваа министри, високи претставници на Делегацијата на ЕУ, дипломати и претставници на деловната заедница.
Платформата е во рамките на истоимениот проект, кофинасиран од Европската Унија, како дел од ИПА Програмата за Граѓанско општество и медиуми. Носители на платформата се: Здружението на бизнис жени, Сојуз на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување-МИР.
– Преку Национална платформа за женско претприемништво сакаме да ги споиме сите активни чинители на ова поле и да создадеме поголема критична маса која ќе ја покаже потребата од посериозен пристап, во создавањето на можности за раст и развој на женското претприемништво во нашата држава. Главна цел на проектот е, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, за креирање на јавни политики и застапување во областа на женското претприемништво. Со инвестирањето во жените ќе се зголеми родовата еднаквост во општеството и ќе се промовира инклузивен и одржлив развој – рече Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво и на Здружението на бизнис жени.
Националната платформа за женско претприемништво треба да се изгради како главен социјален партнер за креирање на политики и реформски процеси, и да овозможи промовирање на жените претприемачки како двигатели на промените.
– Загрижувачки е фактот што додека се поголем број на држави во Европа, воведуваат законски загарантирано учество на жени на високи и одлучувачки функции, кај нас се бележи голем негативен тренд на ова поле. Податоците покажуваат, дека застапеноста на жените на високи корпоративни позиции, се намали од 2% на 1%. За да се надмине оваа состојба, и да се постигне економско јакнење на жените, потребни се нови политики, кои ќе ги гарантираат заслужените позиции на жените, вреднувањето на нивните квалитети, квалификации, способност и спречување на дискриминација при професионалното напредување – рече Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори.
Развивањето на женското претприемништво ќе резултира со силна економија, намалена невработеност, поголемо учество на пазарот на труд, зајакнати семејни односи на сите жени, вклучувајќи ги и младите и жените од руралните подрачја.
– За многу рурални жени, развивањето на женското претприемништво, значи ставање крај на сиромаштијата, постигнување на безбедност со храна, промовирање на одржливо земјоделство и постигнување на родова еднаквост во руралните средини. Затоа е многу важно вклучување на жените во одлучувачките процеси на земјоделското стопанство и создавање на можности да развиваат деловни активности. Жените од руралните средини, се вклучени во неформални активности и имаат многу малку можности за вработување, а се уште само 5% од нив имаат права за сопственост – рече Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, истакнувајќи дека Националната платформа за женско претприемништво е голем чекор кон економско јакнење на жените.
Проектот Национална платформа за женско претприемништво, треба да придонесе за видливоста и опфатот на платформата.
– Со креирањето и имплементацијата на Националната платформа за женско претприемништво, сакаме нашето, и искуството на сите наши соработници, да го примениме во процесот на развој и креирање на политики и реформи, да извршиме олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни, да ги подобриме капацитетите на граѓанските организации кои поддржуваат женско претприемништво како и да ја зголемиме видливоста за жените претприемачи како двигатели на промени во економската политика – рече Емилија Андонова, проект менаџер, Фондација за менаџмент и индустриско истражување -МИР.
На денешниот промотивен настан, беше потпишана Декларација за поддршка на женското претприемништво. „Националната платформа за женско претприемништво“ е проект кој ќе трае три години.
Можеби ќе ве интересира
ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 79,92 евра за мегават час, на МЕМО 73,82 евра за мегават час

МЕФ форум: Паметното енергетско планирање - алатка која го помага производството на енергија од обновливи извори

Samsung и Dezeen организираат глобален конкурс за дизајн - Re:Create конкурсот ја нагласува вредноста на одржливоста на производите и услугите на Samsung

Одбележување на Светскиот ден на млекото: БИМИЛК и ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола со донација на детска креативна патека

Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата!

Уште повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Промоција на стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова

„НEзаштитена пpирода“ - Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка
