Просечната годишна сметка за парно поевтинила за 10.000 денари
Објавено во: Економија 14 Мај, 2019 07:00
Просечната годишна сметка што ја испорачувал БЕГ АД Скопје за еден стан во 2018-та била 19,6 илјади денари, објави Регулаторната комисија за енергетика. Фактурата за парно-греење во однос на една година претходно во просек е помала за 3,1 отсто, а споредено со 2016 е поевтина за 5,76 проценти, според моделот на пресметување на РКЕ. Иако во однос на претходните години не е многу помала, сумата е за една третина поевтина кога ќе се погледне и таа 2012-та, кога била 30.000 денари на годишно ниво, по што започнува нејзиното намалување во контннуитет.
Од 2012 до 2018 година за потрошувачите на БЕГ, надоместокот за топлинска енергија е намален за вкупно 33,45 отсто во становите. Во истиот период кај училиштата сметките се намалени за 66,72 проценти, додека за категоријата останати е 53,41%. Според РКЕ; на долг рок фактурите за топлинска енергија бележат постојано намалување а тоа придонесува за зголемување на бројот на приклучени стамбени единици и се овозможува стабилна и безбедна работа на овој систем.
Продолжува трендот на пораст на приклучените станови на системот за топлинска енергија кој го управува БЕГ АД Скопје, при што кај вкупниот број на активни потрошувачи во 2018 година бележи пораст од нови 2.150 домаќинства. Нивниот број е 50.248.
Неодамнешна студија на Машинскиот факултет потврдува дека со натамошно зголемување на бројот на потрошувачи се обезбедува поголема искористеност на системот и тоа овозможува дополнително намалување на цената на услугата за сите корисници.
Според оваа логика, цените треба да продолжат да паѓаат и понатаму бидејќи се очекува уште поголем број на приклучени. Данокот на додадена вредност (ДДВ) за парно греење од следната грејна сезона ќе се намали од 18 на 5 отсто, а Регулаторната комисија за енергетика неодамна го укина и паушалот што граѓаните исклучени од парно греење го плаќаа досега. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски најави дека во јули ќе донесат нов тарифен систем за парно греење и дека нема веќе да има трошок за ангажирана моќност.
Инаку цената за ангажирана моќност на сметката на БЕГ била 931 денари по киловат годишно, што во однос на 2017 и 2016 бележи намалува за околу 8,6 отсто. Цената во 2017 била 1.019, додека во 2016 била 1.021 денари по киловат годишно. Кај цената за енергија има незначително намалување.
Компанијата во 2018 гедано со претходните години бележи значително намалување на потрошувачката на природен гас и произведената количина на топлинска енергија.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




