ПРОСЕЧНАТА КАМАТА НА КРЕДИТИТЕ 5,03 ОТСТО, НА ДЕПОЗИТИТЕ 2,20 ПРОЦЕНТИ - еве какво е движењето изминатиов период
Објавено во: Финансии 31 Јули, 2025 12:54
Во јуни годинава, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена на месечно и на годишно ниво за 0,03 п.п. и 0,44 п.п., и изнесува 5,03 отсто.
Што се однесува пак до просечната каматна стапка на вкупните депозити, таа изнесува 2,20 проценти и има месечен пад од 0,01 п.п., но годишен раст од 0,32 п.п., соопшти Народната банка.
Кај новоодобрените кредити во јуни е забележан месечен и годишен пад од 0,30 п.п. и 0,66 п.п., соодветно и изнесува 4,42 отсто.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,03 п.п. на месечна основа, при годишен пад од 0,17 п.п. и изнесува 2,35 проценти.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,62 отсто и е намалена за 0,04 п.п. на месечно ниво. Притоа, промената се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.) и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула се зголемени (за 0,02 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка бележи пад од 0,64 п.п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, забележа месечен пад од 0,39 п.п. и изнесува 4,28 отсто. Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,65 п.п. и 0,40 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,05 п.п.). Во споредба со јуни претходната година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,67 п.п.
Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 2,56 отсто. Анализирано по валута, промената во целост се должи на пониските каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,31 п.п.), при забележан раст на каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п., соодветно). На годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,31 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор има месечен раст од 0,08 п.п. и изнесува 2,38 отсто. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,27 п.п.), при пад на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 2,50 проценти, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,01 п.п.
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во јуни изнесува 5,44 отсто и е намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво. Притоа, промената се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,04 п.п.), при непроменети каматни стапки на кредитите во странска валута и раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа пад од 0,22 п.п. на годишно ниво.
Во јуни, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета на месечна основа и изнесува 2,15 отсто. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,31 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 2,33 проценти и оствари месечен пад од 0,01 п.п. Надолната промена во целост е резултат на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,12 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,25 п.п.).
Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,22 п.п. на годишна основа, се наведува во соопштението од Народната банка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





