ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА НАД 40 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - најголем раст има во сектор енергија, еве кои други работници земаа повеќе пари
Објавено во: Финансии 22 Мај, 2024
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2024 година, изнесува 40 496 денари, објави Државниот завод за статистика.
Како што пишува во објавата на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, изнесува 116.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21,9 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21,3 проценти) и Образование (20,5 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7,8 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7,3 проценти) и Преработувачка индустрија (6,2 отсто) - пишува во соопштението на ДЗС.
Фото: Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.