ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СКОРО 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат повисоки плати, а каде се намалени
Објавено во: Финансии 21 Јануари, 2025 12:27
Просечната плата во Македонија во ноември месец минатата година била за само еден денар помала од 42 илјади денари.
Согласно последните податоци на ДЗС, во ноември нето платата во Македонија изнесувала 41.999 денари.
Ова покажува дека споредено со месец претходно, односно октомври 2024 година имаме намалување на просечната нето плата. Имено, во октомври просечната плата по вработен достигнала 42.134 денари.
Сепак, ако се прави споредба на годишно ниво, тогаш имаме раст на просечната плата.
Како што просочуваат статистичарите, растот на нето платата се должи на растот на платите во секторите Уметност, забава и рекрација, како и секторот транспорт и складирање и секторот преработувачка индустрија, каде се всушност опфатени најголем дел од работниците во земјава.
- Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 15,3 проценти, Транспорт и складирање за 12,7 отсто и Преработувачка индустрија со 11,2 проценти - соопштуваат од ДЗС.
Од таму исто така укажуваат дека во неколку сектори е забележан пад на платите. Станува збор за секторите: Рударство и вадење на камен со 8 проценти пад на платите, потоа Дејности во врска со недвижен имот со 5,9 отсо и Земјоделство, шумарство и рибарство со 2,6 проценти пад на платите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





