Добивај вести на Viber
Просечната бруто плата во јуни, во Црна Гора, изнесувала 730 евра, додека, пак, просечната нето плата била 481 евро, соопшти Монстат.
Во однос на мај 2013 година просечната нето плата во јуни бележи пораст од 0,2%. Просечната нето плата во јуни, споредено со истиот период лани, бележи пад од 0,6%.
Ако се има предвид дека потрошувачките цени во јуни 2013 година, во однос на мај 2013 година, забележале пад од 0,6%, произлегува дека реалните нето плати во истиот период забележале раст од 0,8%.