Добивај вести на Viber
Веќе 32 дена по ред илјадници демонстранти се собраа во центарот на Софија со барање за оставка на Владата на Пламен Орешарски. Веќе традиционално, незадоволните повторно скандираат „Оставка", „Мафија" и „Црвени ѓубриња", носеа бугарски знамиња и свиреа со свирки. Голем дел од насобраните вечерва носеа транспатенти на кои пишуваше „ Власта веднаш на граѓаните". Во регионот има засилено полициско присуство, а запрено е движењето по булеварот „Цар Ослободител". Протести вечерва имаше и во Пловдив и Бургас.
Според податоците на МВР во 20 часот се собрале околу 3 500 демонстранти против владата на Пламен Орешарски пред Министерскиот совет. Протестниот марш во Софија се одвива мирно и без проблеми.
Полициските тимови меѓу демонстрантите се подготвени да реагираат на секој сигнал за провокација или нарушување на јавниот ред. Малку пред 20 часот поворката тргна кон Народното собрание, продолжи кон споменикот на Васил Левски дел кон Орлов мост, за главниот собир да биде пред споменикот„Св Александар Невски“ и зградата на Народното собрание.
По 18 часа, стотина луѓе се собраа на традиционален контра-протест за поддршка на кабинетот и собираат потписи за поддршка на Владата. Контра-протестот заврши во 19 часот.
Во 20-иот ден на контра-протестите организаторите беа осомничени за обид за провокација, бидејќи меѓу присутните денеска биле дистрибуирани, според полицијата „вознемирувачки пропагандни материјали".