Протестите во Приштина ескалираа – над 80 повредени и 100 приведени
Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2015 21:35
Директорот на косовската полиција Шпенд Маџуни изјави дека во денешните насилни протести полесно или потешко се повредени 56 полицајци.
Според него мирните протести ескалирале во насилни кога одредени групи почнале да го загрозуваат јавниот ред и мир.
Меѓу приведените бил и градоначалникот на Приштина и потпретседател на движењето Шпенд Ахмети, но тој набргу бил пуштен.
Според косовските медиуми повреден е и шефот на „Самоопределување“ Висар Имери.
Демонстрантите носат пароли „Без Трепча нема држава„, „Трепцча е наша, а не српска“, „Иса (премиерот на Косово Мустафа) е слуга на Србија“, „Хашим (првиот потпретседател на владата Тачи) во затвор“ и други.
Демонстрантите бараат и смена на министерот за враќање и заедници, Александар Јаблановиќ зашто демонстрантите што на Божик во Ѓаковиќа спречија да минат автобуси со раселени Срби ги нарекол „дивјаци“, како и комбинатот Трепча итно да стане јавно претпријатие, на што се спротивставува владата на Србија и политичките претставници на Србите од Косово.
Премиерот на Косово и заменик премиерот Иса Мустафа и Хашим Тачи, денешните протести ги оценија како напад врз институциите на Косово и обид за насилно превземање на власта.
УМНИК изрази загриженост поради случувањата.
[embed]https://www.youtube.com/watch?x-yt-ts=1422327029&v=y3HhDIamFaE&x-yt-cl=84838260#t=6306[/embed]
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




