19 Декември, 2025
0.1251

ПРОВЕРКА НА 40.000 ПАСОШИ: И Македонците ќе бидат под лупа

Објавено во: Македонија, Балкан 20 Ноември, 2018 15:31

Добивај вести на Viber

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов побара итна проверка на бугарските пасоши што се издадени на странци во последните пет години. 

Борисов побарал да ги добие резултатите во најкраток можен рок.

Ревизијата ќе ја реализираат Министерството за внатрешни работи и Државната агенција за национална сигурност. 

Бугарија од 2014 година издала околу 40.000 пасоши на жители на други држави.

Најголем интерес за бугарско државјанство имало во Македонија, а потоа следуваат Украина, Молдавија, Србија и Русија. Но, бугарски пасоши бараат и граѓани на Израел и Турција.

Бугарски документи најмногу се издадени во 2016 година, на 12.880 луѓе. Од почетокот на оваа година, се издадени 6.819 нови пасоши.

Во периодот меѓу мај 2017 и мај 2018 година 17.793 лица побарале бугарско државјанство, а од нив најголем број се Македонци. Министерката за правда Цецка Цачева неодамна соопшти дека околу 10.000 од овие барања биле од македонски граѓани. 

Борисов ја нареди оваа проверка откако јавноста дозна за злоупотребите со издавањето на бугарски пасоши. Жителите од пограничните региони масовно си ги продавале домашните адреси за регистрација на странци. Цените се движеле меѓу 50 и 100 евра, а само во Ќустендил се регистрирани околу 13.000 Срби и Македонци. Во областите на Благоевград и Ќустендил, на некои адреси имало пријавено по 300 луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица