Прв работен ден за Бишев во Шпаркасе Банка, Грците бараат директор за Стопанска!
Објавено во: Финансии 02 Мај, 2013 07:48
“Господинот Бишев, кој беше Генерален Извршен директор на банката дванаесет и пол години, донесе одлука да ја продолжи својата кариера вон Банката, напишаа од Стопанска.
Инаку Шпаркасе е дел од австриска групација која во моментов котира како петта по големина во земјава. Според доброупатени извори, понудата на Шпаркасе-банка до Бишев била испорачана пред подолг период. До доаѓањето на Бишев со Шпаркасе Банка раководеше Александра Радиќ, преседател на Управниот Одбор на банката, која беше делегирана од Белград.
Со трансферот на Бишев во Шпаркасе оваа банка најави засилен пробив на македонскиот банкарски пазар, па доброупатени извори не ја исклучија можноста во иднина да се случат и банкарски прегрупирања, купување или спојување на одредени банки во кои своја улога секако би имала и Шпаркасе. КОЈ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ БИШЕВ? Од друга страна Бишев, иако ја остави Стопанска банка во добра финансиска кондиција, Грците многу скоро ќе мора да назначат нов директор.“Во 2012 Стопанска банка оствари пораст на кредитирањето од 5% и оствари нето добивка од 12,9 милиони евра, што е резултат на ефикасното искористување на домашното и девизното штедење. Лошите пласмани беа под целосна контрола и целосно резервирани и беа за 1,5% пониски од просекот на македонскиот банкарски сектор.“ соопштија од банката.
Бишев седна во директорската фотеља во Стопанска Банка само 6 месеци откако заврши операцијата за приватизацијата, односно продажбата на Стопанска Банка на грчката НБГ Групација. Во 2000 та година, Бишев ја напушти позицијата заменик-гувернер во Народната Банка и го презеде кормилото на Стопанска Банка.
Токму во април ќе се одбележат 13 години откако Стопанска Банка доби грчки газди.
Со заминувањето на Глигор Бишев, по повеќе од 12 години директорување, Стопанска Банка ќе добие нов менаџер. Според информации од банкарските кругови, новиот директор ќе биде номиниран директно од страна на “ Национална Банка на Грција“. НБГ како целосен сопственик на Стопанска Банка можно е да именува странско лица за наследник за Бишев. Грчките газди веќе го подготвиле теренот, иако официјално не се соопштува новото директорско име.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





