Прв роденден на првата македонска електронска идентификација - OneID
Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2022 15:05
Пред точно 1 година, КИБС во партнерство со Некстсенс, ја лансираше првата македонска услуга за електронска идентификација – OneID, изработена и сертифицирана согласно релевантните европски стандарди, како и согласно релевантната национална регулатива. Со тоа OneID стана првиот дигитален производ сертифициран по правилата на ЕУ кој е достапен и за нашите граѓани. OneID отвори ново поглавје во дигитализацијата на процесите за широка палета на услуги за македонските граѓани.
''Денес е голем ден за македонската дигитална сцена. КИБС и Некстсенс, во партнерска соработка, ја обезбедија првата македонска услуга за дигитална идентификација. Значаен е фактот што една ваква комплексна услуга е дело на домашни стручни лица лоцирани во двете компании. Услугата нè позиционира во мал број на држави коишто не се членки на Европската унија, а имаат на располагање услуга од овој вид.

OneID за граѓаните функционира како лична карта што може да се користи онлајн. Тие ќе добијат една дигитална идентификација којашто може да ја користат секаде, без да меморираат различни лозинки, а сепак на безбеден начин да ја добијат услугата. Нивниот идентитет ќе биде утврден со помош на OneID, преку нивниот мобилен телефон. Нема да има потреба од чекање. Ќе можат во секое време, неколкукратно побрзо, целосно онлајн, да иницираат барања и да бидат услужени.“ – Горан Анастасовски, генерален директор на КИБС.
„Новото поглавје во дигиталното услужување е отворено. Денес, заедно со КИБС обележуваме една година од лансирањето на првата македонска дигитална идентификација – OneID, сертифицирана и усогласена со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Со OneID покажуваме висок степен на подготвеност на македонското општество за дигитализација, согласно највисоките европски стандарди.
OneID содржи дополнителни механизми за идентификација и заштита на личните податоци, со што се гарантира највисоко ниво на безбедност на услугата. Единствено граѓанинот лично дава одобрување за секој поединечен трансфер на неговите лични податоци преку сопствениот мобилен телефон до мобилните и веб апликации на организациите чиишто услуги ги користи и кадешто е потребно да се идентификува. Убедени сме дека преку соработката со сите наши партнери, кои силно се залагаат да ги имплементираат алатките што овозможуваат дигитална трансформација на процесите, ќе успееме директно до граѓаните и бизнис заедницата да ги доближиме придобивките од технолошкиот развој.“. – Васко Кроневски, главен извршен директор на Некстсенс.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




