19 Декември, 2025
0.0799

Прва Балканска конференција на збратимени градови во Скопје

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2014 12:13

Добивај вести на Viber

Со цел создавање и градење на односи помеѓу градовите и граѓаните од САД и Југоисточна Европа, во периодот од 5-ти до 7-ми јуни 2014 година, во Скопје ќе се одржи првата „Балканска конференција на збратимени градови“ на која ќе земат учество градоначалници и други истакнати личности од САД, Македонија како и регионот. Идејниот творец на оваа конференција е Ричард Њухејзел, претеседателот на Темпи (Аризона) организацијата на збратимени градови, чија мотивација е да се поттикне изградбата на нови односи во регионот по примерот на збратимување на Скопје и Темпи, што датира од далечната 1971 година. Градоначалниците и останатите учесници на конференцијата ќе имаат можност суштински да се запознаат со концептот на збратимени градови, пред сè со тоа како да се воспостави соработка, кои се придобивките од збратимувањето на градовите особено во делот на економскиот развој на Балканот и размената на стручни луѓе од универзитетите како и други професионалци. Меѓу останатите, своето присуство на „Балканската конференција на збратимени градови“ го потврдија Ричард Њухејзел, претеседателот на Темпи организацијата на збратимени градови; Мери Кејн, извршен директор на Меѓународната организација на збратимени градови; д-р Даглас Џексон, претседател и извршен директор на Глобалниот проект C.U.R.E; а свое обраќање ќе имаат и Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов; амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс; амбасадор на Република Македонија во САД, д-р Зоран Јолевски; градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, како и министерот за странски инвестиции Џери Наумоф. „Приказната за збратимувањето на Скопје и Темпи во 1971 година е уникатна во светски рамки и со нетрпение чекам да ја раскажам на претстојната Балканска конференција на збратимени градови. Со нетрпение очекувам да се вратам дома во Скопје, да се видам со старите пријатели и да создадам нови, да го пренесам искуството од ваквите соработки и релации кои траат цел живот. Збратимувањето на Скопје и Темпи е вистински доказ за тоа“, изјави Ричард Њухејзел, претеседателот на Темпи организацијата на збратимени градови. Дел од конференцијата ќе бидат четворица од првите студенти од Темпи кои дошле во Македонија на првата размена во 1972 година, кои повторно ќе се сретнат со своите македонски семејства, а ќе ги пренесат и своите искуства.

Можеби ќе ве интересира

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок