ПРВА, ВТОРА ИЛИ ТРЕТА СРЕЌА: Koлку брзо апликантите успеваат да заминат на работа во странство?
Објавено во: Економија 18 Ноември, 2025 08:25
Од агенциите за посредување при вработување, велат дека иако има различни ситуации, сепак најголем дел од апликантите, успеваат да ја исполнат својата цел и од прва заминуваат во странство. Секоја агенција има различен начин на работа, но додаваат дека поради технички причини или поради евентуален проблем со квалификациите, при првото аплицирање може да не се реализира заминувањето во странство.
„Нормално поголемиот дел од апликантите заминуваат од прва, но понекогаш за жал има компликации. Се случува да има пречки и кандидатите да бидат одбиени за виза. Тука има повеќе фактори. Некој има забрана за влез во ЕУ, некој има проблем со работодавачот со договорот, работодавачот се откажал. Има секакви ситуации, но најчесто луѓето заминуваат од прва во странство. После две одбиени апликации, не верувам дека некој ќе продолжи да аплицира барем за Германија, може да се обиде да замине во друга држава. Кај тие што се постручни кадри од медицинските струки, негувателки, им треба јазик и треба да го доусовршат. За секоја позиција потребно е посебно ниво на познавање на јазикот. За нив може со години да трае процесот, дури се совлада јазикот. Секогаш германската амбасада дава начини да се замине, сега е лесно за термин“, вели Елена Илиевска, управител на агенцијата Футурум од Скопје.
Некогаш и јазичната бариера може да го пролонгира заминувањето на работа во странство. Има кандидати кои се упорни да заминат во одредена земја, но има и други кои откако нема да отидат во Германија, веднаш бараат начин да заминат во Хрватска или на друго место.
„Нашиот модел на работа е бараме работа според квалификациите на апликантот и дури не му се најде работа, не заминува. Секој има различен концепт на работа. Ние не аплицираме ако некој не ги исполнува условите. Нема потреба да се губи време за нешто што нема да успее, се менуваат времињата. Уште при самата апликација се знае дали кандидатот ќе одговара за одредена работа. Мора да се прави селекција. Не треба да се губи време и да му се дава лажна надеж на кандидатот“, додаваат од агенцијата Посредник 24.
Ако апликантот претходно бил депортиран од европските земји, тогаш може да се јави проблем при обидот да отиде во странство.
„Сѐ е релативно. Има случаи кога кандидатите за работа во странство се одбиени. Оние што имаат проблеми да добијат визи, најчесто се луѓе кои претходно барале азил и се одбиени или ако имале некаков проблем во мисла да биле депортирани. За неквалификуваниот кадар, со германски или со англиски, тие сепак ќе се снајдат, а ако станува збор за спојување на семејство важно е да се познава јазикот. Сепак на најголем дел од апликантите им успева од прва да заминат во Германија“, велат од скопска агенција за посредување при вработување во странство.
Последниве години илјадници македонски граѓани одат на работа во странство. Најголем дел заминуваат во Германија, Хрватска, но кадар се одлева и во Малта, Словенија, Швајцарија, Италија.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




