ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници
Објавено во: Економија 01 Ноември, 2024
Германскиот концерн Бош, чии производи се доставуваат до германските автомобилски марки „Фолксваген“ Бе-Ем-Ве, ќе отпушти седум илјади вработени. Извршниот директор на компанијата, Стефан Хартунг, зборуваше за ова во вчерашното интервју на „Tagespiegel“
„Зголемувањето на обемот на трговската размена со светот значи и намалување на капацитетите на домашниот пазар. Бош е принуден да укине повеќе од седум илјади работни места во Германија бидејќи бизнисот е под притисок.
Сега не можам да ја исклучам можноста дека ќе мора дополнително да ги приспособиме нашите кадровски капацитети“, рече Хартунг.
Тој истакна дека Бош нема да може да го исполни својот економски план за 2024 година. Како резултат на тоа, продажбата ќе биде на пониско ниво отколку во 2023 година.
фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.