ПРВИОТ АФРИКАНСКИ БРАН ЌЕ УДРИ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА, ТЕМПЕРАТУРАТА ДО 40 СТЕПЕНИ: А еве што ја очекува Македонија
Објавено во: Македонија 24 Април, 2023
Балканот и
Македонија следната недела повторно ќе бидат зафатени од дожд, а на планините и
снег, но во дел од Европа „ќе удри“ силен топлотен бран од Африка.
Славчо Попоски во најновата прогноза пишува дека ширум Европскиот Континент, нс Балканот, и во Македонија во текот на следната седмица повторно ќе има температури кој ќе бидат под просекот за овој период од годината и врнежливо време, а на планините очекуваме и нов снег. Но, во Шпанија ќе пристигне и првиот изразен топол Африкански бран за оваа сезона.
-Шпанија следната седмица ќе биде зафатена од силен топлотен бран од Африка и ќе услови невообичаено високи температури на воздухот. Во многу предели од оваа држава температурите ќе надминуваат 30 степени, додека понекаде истите ќе достигнуваат дури и до близу 40 степени. Најизразен овој топлотен бран ќе биде на југот од Шпанија.Ние во нашиот дел од Европа ќе си почекаме за вакви температури. Нема најава за Африканска топлина, барем според последните направени анализи, пишува Попоски.
Најголем дел од Европа и Балканот, како што наведува, следната седмица ќе имаат студено време, особено наутро кога се очекува и појава на мраз и тоа околу 26/27 април. Ќе биде присутен и северниот ветер, кој повремено ќе биде и засилен на интензитет.
-Барем одсега гледано, и за првомајските празници ќе имаме многу нестабилно време со чести врнежи, прогнозира Славчо Попоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.