09 Декември, 2025
0.0289

„ПРВИОТ ДОГОВОР ЗА КОРИДОРОТ 8 Е СКЛУЧЕН ВО 1996, СЕГА СМЕ 2024“: „Дали сме доволно богати за несоодветно да управуваме со јавните инвестиции“?

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2024 06:40

Добивај вести на Viber

И по 28 години земјава нема железничка пруга, а прашање е и колку додадена вредност изгубија економијата и туризмот во последнава деценија додека се гради автопатот Кичево - Охрид, рече вечерва главниот државен ревизор Максим Ацевски, коментирајќи ги извештаите за реализацијата на капиталните инвестиции.

Во гостувањето на ТВ Сител, Ацевски се осврна и на минералните суровини, укажувајќи дека и кон нив се однесуваме неодговорно, зашто според анализите, од нивната експлоатација профит практично имаат само приватните компании, но не и државата.

-Првиот договор за Коридорот 8 е склучен во 1996 година, а сега сме 2024 година и за жал, немаме железничка пруга. Се работи за 28 години. За кредитите и заемите за овој Коридор државата досега има платено 4,6 милини евра провизија и споредни трошоци за неповлечени кредитни транши и заеми. За Коридорот 8, првично биле утврдени 340 милиони евра, а до денот на ревизијата 560 милиони. Само може да претпоставиме колкав ќе биде овој износ до реализацијата. Во 2020 година имаме информација за Клиничката блница во Штип, за автопатот Кичево - Охрид, за пругата од Куманово кон бугарска граница. Вкупните трошоци на капиталните инвестиции во тој поериод беа 57 милиони евра од кои државата платила 17 милиони евра казнени пенали за неповлечени кредити и заеми.Се поставува прашањето, дали сме доволно богати за несоодветно да управуваме со јавните инвестиции, истакна ревизорот.

Според него, „од осамостојувањето на државата досега очгиледно не изградивме систем за утврдување приоритетни капитални инвестиции“. 

Во врска со ставот на министерот за транспрот и врски дека во 2026 година ќе биде реализиран автопатот Кичево - Охрид, ДЗР вели дека заклучно со 31.12.2023 година истекува Договорот за овој автопат.

-Се направија измени и дополнувања на соодветниот Закон за да се направи анекс на Договорот за изградба на автопатот која досега трае десет години и чија првична вредност беше 411 милиони евра, во овој момент, до крајот на ревизијата е 589 милиони евра, а реализацијата до денот на издавањето на конечниот ревизорски извшетај беше 466 милиони. Прашуваме, која е додадената вредност што ја изгубивме за 10 години во однос на тоа што немаме автопат, колку изгуби нашата економија, колку изгуби туризмот, колку животи изгубивме, нагласи Ацевски.

Тој потенцира дека минералните суровини не ни припаѓаат само нам, туку и на следните генерации и тоа треба да го знаат, како што рече, претставниците на извршната власт.

-Ние, за жал, се однесуваме неодговорно. Жални се оценките во последниот извештај на ревизијата. Ако ме прашате колкав е вкупниот приход во државниот Буџет од експлоатацијата на минералните суровини за мермерот, тоа е само еден отсто од вкупиот профит на приватните компании на кои им е дозволено да експлоатираат во нашата држава. Прашајте се дали ако сте сопственик, ќе дозволите некој да ви плати само еден отсто од профитот што ќе го заработи, дециден е Ацевски.

За извештајот околу јавните набавки, ревизорот нагласи дека во АД ЕСМ се констатирани големи неправилности.

-Во АД ЕСМ има големи неправилности во доделувањето на договорите за јавни набавки. Не би рекол дека тоа е од незнаење зашто се работи за акционерско друштво кое има соодветен број вработени квалификувани за јавни набавки. Во ревизорскиот извештај се констатира дека одредени состојби се повторуваат. Начинот на доделување на договорите за јавните набавки со големи вредности во одлуките за доделување на набавките и во тендерската документација зборува за значајни матреијални износи. Врз основа на тоа, акционерското друштво било должно да обезбеди соодветна конкуренција и соодветен начин на постапување во доделувањето на договорите, рече Ацевски.

На прашањето дали е тоа легален начин на местење тендери, Ацевски одговори дека не може да го користи таквиот начин на изразување.

-Ние изразуваме сомнеж во начинот на доделување на договорите за јавни набавки. Тој сомнеж е доставен до надлежните органи кои треба да ги разгледаат доказите што сме ги обезбедиле, кои набавки биле предмет на ревизија, каква забелешка сме нашле и какво е нашето видување. Значи ние изразуваме сомнежи за одредени неправилности, тој сомнеж ЈО треба да го потврди или да го отфрли, а ако го потврди, следи постапка пред надлежниот суд, објасни ревизорот.

Предмет на ревизија во ДЗР се 1 300 субјекти, а годишно Заводот опфаќа по 60 - 70. Има институции во кои не е направена ревизија, но тие, според Ацевски, се сосема незначајни. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак