ПРВО ОБРАЌАЊЕ НА ХЕЗБОЛАХ ДЕНЕСКА ПО ГОЛЕМИТЕ ЗАГУБИ: Аналитичар: Многу е веројатна копнена инвазија на јужен Либан
Објавено во: Свет 30 Септември, 2024
Заменик-шефот на Хезболах наскоро ќе и се обрати на
јавноста, објави телевизискиот канал на либанската група Ал-Манар. Тоа ќе биде
прв ваков говор откако лидерот Хасан Насрала беше убиен во израелски напад,
пренесува AFP.
Аналитичар: Многу е веројатна копнена инвазија на јужен Либан
Израелските ТВ канали наздравија за нападите, политичарите делеа слатки и чоколади. Во Израел чувствуваат дека постигнале голема победа и дека сега имаат можност да го променат односот на силите, пишува аналитичарот на Би-Би-Си Џереми Боуен.
„Меѓутоа, ако земете предвид дека нивната стратешка цел со Хезболах е да вратат повеќе од 60.000 луѓе во градовите во северен Израел, атентатот на лидерот на Хезболах Хасан Насрала не ги приближува до тоа“, забележува тој.
„Хезболах сè уште истрелува ракети. И покрај тоа што тие не предизвикуваат голема штета на израелските цели, луѓето не можат да се вратат во своите домови додека трае. Значи, прашањето е што ќе направи Израел следно - една можност е копнена инвазија на јужен Либан и би рекол дека е многу веројатно“, вели Џереми Боуен.
фото: EPA-EFE/AHMED JALIL* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.