ПРВО ПА МАШКО: Три бебиња дојдоа на свет една минута по полноќ во Скопје!
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2016
Првите родени бебиња во главниот град се две момчиња и едно девојче.
Сите три се родени на Клиниката за гинекологија во Скопје во една минута по полноќ.
Едното бебе е машко и е трето дете во семејството, а другите се близначиња и се први деца.
Машкото бебе е тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри од мајка Јована Андоновска Буриловска, родена 1978 година од Скопје, општина Карпош, додека другата родилка е Александра Андонова родена 1982 година која родила близнаци и тоа женско кое е тешко 2 килограми и 290 грама и долго 47 сантиметри, а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама и долго 48 сантиметри
Денеска во 11,30 часот Мајките и бебињата ќе бидат посетени од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој на првороденчињата, ќе им подари штедни книшки со 20.000 денари и други пригодни подароци.