19 Декември, 2025
0.3914

Првоаприлски еко-маскенбал на „Пакомак“ и ТЦ „Рамстор“

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2014 14:02

Добивај вести на Viber

На денот на смеата и шегата – 1 април, во ТЦ Рамстор ќе се одржи вториот по ред екомаскенбал во организација на Пакомак и Рамстор. На овој уникатен маскенбал поканети се да учествуваат сите млади креативци од градинките и основните училишта од околината на Скопје, а нивна задача е со помош на својата детска фантазија да изработат оригинални маски од амбалажата на производите кои секојдневно ги употребуваат (материјали кои се рециклираат). Во подготовката на маските може да се употребуваат амбалажи од кутии, списанија, тетрапак-пакувања, лименки, шишиња, тегли, фолија за пакување  и сл, а за најуспешните дела се обезбедени интересни награди. Темата на овој маскенбал е „Рециклираме и се маскираме“, а учесниците на натпреварот можат да се пријават најдоцна до 31 март на инфопултот на ТЦ Рамстор. На 1 април во 14 часот, жири комисијата ќе ги избере најдобрите екомаски и тоа во 2 категории на учесници – деца од 3 до 9 години и деца од 9 до 14 години. Во секоја од овие категории ќе бидат доделени следниве награди – велосипед, ролерки и скирол. По доделувањето на наградите, забавата ќе продолжи со најпопуларните детски песнички. „Овoj настан е продолжување на нашата практика на поддржување на еколошки настани и акции кои вклучуваат деца и нивна едукација. Екомаскенбалот е одлична можност за тоа дечињата преку маскирањето во своите омилени јунаци од филмовите или пак различните ликови од секојдневниот живот, да ја разбудат својата креативност и имагинација, но истовремено и да учат за тоа  како правилно да го селектираат и рециклираат отпадот. За најкреативните еко-маски обезбедивме супер награди, прилагодени за нивната возраст. Обично родителите влијаат и ги образуваат децата, но ние очекуваме и веруваме дека овој пат дечињата ќе бидат оние што ќе влијаат врз еколошката свест на своите родители и на возрасните”, изјавија од Пакомак. „ 1-ви Април е еден од најубавите празници, кога градските улици просто маѓепсуваат со весели и насмеани детски лица, кои уживаат безгрижно со своите колоритни и инвентивни маски, па сакавме ова волшепство  да го пренесеме и во нашиот трговски центар. Бидејќи како компанија постојано се заложуваме за тоа младите рационално да размислуваат за животната околина во која живеат и да се грижат за животната средина, во соработка со Пакомак, повторно се одлучивме за организирање на голем екомаскенбал и еко-концепт за изработка на маските. Се надеваме дека поовторно ќе имаме едукативни, забавни и инвентивни маски, а преку поттикнувањето и поддржувањето на креативното размислување, ќе успееме да испратиме еколошки едукативни пораки заедно со децата“, изјави Елида Трајковска, координатор на проектот во Рамстор мол центарот.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција