15 Декември, 2025
0.0409

ПУ ПУ НЕ ВАЖИ - СДСМ и ДУИ сложно го качија лимитот за плаќање во кеш од 500 на 3.000 евра

Објавено во: Финансии 02 Јануари, 2020 09:39

Добивај вести на Viber

Пу Пу не важи. Откако во јуни годинава лимитот за плаќање во кеш се намали од 1.000 на 500 евра, многу брзо тој праг не само што ќе се зголеми, туку и ќе рипне неколкукратно, на дури 3.000 евра. 

На 27 декември, кога сите беа зафатени со предновогодишни коктели, пратениците речиси „инкогнито“ и по скратена постапка си ги изгласале измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој лимитот се крева на 3.000 евра.

Во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ број 120/18), во член 182 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи: „(3) Со влегувањето во сила на овој закон забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги“, се вели во законските измени.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

А овие законски измени ги предложиле група пратеници Ејуп Алими, Реџаиљ Исмаили, Агим Шаќири, Александар Филиповски, Агим Муртезанов и Мирослав Јованов. За измените гласале 54 пратеници, немало против и воздржани.

Токму намалувањето на прагот за плаќање во готовина беше еден од клучните владини адути во борбата против сивата економија. 

Таа сума првично беше 15 илјади евра, па власта во неколку наврати ја намалуваше, прво на 2.000, па на 1.000 и во јуни годинава на само 500 евра.

И додека премиерот Зоран Заев, екс министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, постојано повторуваа дека на тој начин власта се бори со сивата економија, стопанствениците од албанскиот блок, пред се од Стопанската комора на Северозападна Македонија, постојано повторуваа дека овој закон е преригорозен и ги ограничува во водењето на бизнисот.

„Вака утврдената одредба во периодот од нејзината примена од 1 јуни 2019 година до денес  предизвика ограничувања за голем број на граѓани, кои  согласно со  своите потреби правото за  плаќања со готовина за стоки и услуги за износ поголем од 500 евра во денарска противвредност  не можат  искористат заради ограничувачката одредба која наметнува дополнителини обврски за граѓаните. Заради ограничувачкиот законски износ во многу секојдневни ситуации со кои се судираат граѓаните потребна е предметната измена на законот  и нејзино усогласување со правните прописи за вршење на готовински плаќања со земјите од Европската Унијакако што се: Белгија, Италија, Унгарија, Чешка, Полска, Латвија, Словенија и други“, се вели во образложението.

Со Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ќе се зголеми износот за плаќање со готовина на стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, велат предлчагачите.

А од предлагачите, тројца пратеници се од ДУИ, тројца од СДСМ, што значи дека овој закон е предложен и донесен во дослух со власта.

Фактор бараше од Министерството за финансии став за овие законски измени, но не доби одговор до подготовката на овој текст. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно