Пушачи, подгответе се: Грција почнува да забранува пушење цигари на плажи, а почнува од оваа дестинација
Објавено во: Балкан 30 Мај, 2019
Ако ви пречи тутунскиот чад или опушоците на плажите кои може да се најдат секаде, на оваа ќе уживате.
Плажата Ваја на Серифос е прва во групата острови на Киклади, но и во цела Грција, на која ќе биде забрането пушењето на цигари. Оваа мерка тамошните власти ја најавија во пресрет на Светскиот ден без тутунски чад, кој се одбележува утре , 31 мај.
Исто така, на оваа мерка се одлучиле и поради тоа што при чистење на бреговите во претходните години е утврдено дека токму отпушоците сочинуваат најголем дел од отпадот и дека со тоа ја загрозуваат природата, која на тој остров и така е веќе загрозена.
Поради се тоа е одлучено да се започне пилот програма, и да се почне токму од оваа плажа која е најмногу загрозена од отпушоците, и да се следи примерот на оваа пракса која е веќе започната во Франција и Шпанија за да се спречи загадувањето на морето.
А што ќе прават пушачите?
На плажата Ваја ќе има инструкции кои всушност ќе бидат контролирана зона за пушачи, каде ќе се наоѓаат пепелници со испишани пораки за заштита на околината, како и соодветени знаци со информации.
Др. Ангели Космополу, извршен директор на Фондацијата Атанасиос К. Ласкардис која се грижи за заштита на животната средина на островите Киклади, истакнува дека „цигарите се најчест вид на загадување на овие острови, а посебно на Серифос“.
-Целта е да се обидеме Ваја да биде првата плажа на која ќе биде забрането пушењето , како би се кренала свеста меѓу луѓето и како би се спречило понатамошно загадување. За разлика од многу други видови ѓубре, отпушоците не се исфрлени на брегот - тие се оставени, „заборавени“. Се надеваме дека оваа забрана ќе помогне да се намали загадувањето со отпушоци и на другите острови“.
Што мислите Вие за забраната за пушење цигари на плажите?
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.