Путин ги обвини банкарите за монополизам, алчност и за кочење на економскиот развој
Објавено во: Свет 09 Јули, 2013
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на 4 јули ги собра директорите на најголемите банки во својата резиденција со цел да дознае зошто каматните стапки за бизнис-кредитите во Русија се толку високи. Потоа шефот на државата ги обвини банкарите за монополизам, за алчност и за кочење на економскиот развој, објави „Руска Реч“.
Во претседателската резиденција во близина на Москва беа повикани директорите на Централната банка Елвира Набиулина, нејзиниот советник Сергеј Игнатјев и директорите на најголемите банки: Герман Греф (Сбербанка), Андреј Костин (ВТБ), Андреј Акимов (Гаспромбанк), Петар Авен (Алфа-банк) и Олег Вјугин (МДМ-банк).
„На малиот и на средниот бизнис и, се потребни евтини и долгорочни кредити. Се зборува дека цената на банкарските кредити во Русија е во значително зголемена.Таа е тесно поврзана со инфлацијата и со порастот на тарифите. Но, во Русија каматните стапки воопшто не зависеа од инфлацијата, растот на цените забавува, а банкарските пари непрекинато поскапуваат, констатираше Путин.
Тој додаде дека во банките тоа се правда со ризиците,но макроекономските ризици во Еврозоната се значително повисоки, а каматните стапки се значително пониски.
„Треба да се дојде до одговор на прашањето кои се тие фактори, освен желбата за профит, која ги охрабрува нашите банки да ги зголемат каматите, и зошто на ова поле конкуренцијата не функционира, иако имаме 900 банки“ обвини Путин.
Исто така Путин го обвини овој сектор за монополизам. „Можеби проблемот е во тоа што имаме само 4-5 големи банки кои на еден или на друг начин се меѓусебно поврзани и кои се афилирани со државата. Високите каматни стапки за кредитите ја забавуваат динамиката на пораст на руската економија, зашто не дозволуваат развој на малиот и на средниот бизнис. За половина година динамиката на кредитирањето на претпријатијата е намалена за половина“, констатираше претседателот на Русија, повикувајќи се на статистички податоци.
Путин кажа дека големите компании можат да земаат кредити од странство, но малите и средните претпријатија ја немаат таа можност.
„Каматните стапки за почетен бизнис се 20% и повеќе, не земајќи ги предвид провизиите. Во таков случај не може ни да стане збор за рентабилност. Секако дека е полесно да се работи со големите компании, но тие ни оддалеку не ја чинат целата економија.“ потенцираше Путин.
Путин ги советуваше банкарите да ги намалат каматите по пат на „пазарни методи“, со што ќе „порасне приходот“.
Да потсетиме дека пред некое време Владимир Путин започна да „бара“ од владата и од бизнисмените рецепти за заживување на руската економија, чиј раст во првите пет месеци од годинава беше на ниво од 1,8 проценти, без оглед на високата цена на нафтата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.