Путин му ветил пари на Ципрас по телефон
Објавено во: Балкан, Економија 08 Мај, 2015 10:45
Русија ќе им додели пари на Грција за изградба на гасовод кој ќе поминува низ Турција. За тоа збореле во телефонски разговор рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас, а тоа станува јасно од порака на Кремљ. Во неа се вели уште дека разговорот поминал во многу опуштена атмосфера.
„Особено внимание беше посветено на општите инфраструктурни планови, проблематиката поврзана со енергетската соработка, вклучувајќи ја и изградба на газотранспортниот систем на територијата на Грција, како дел од новиот проект за транспорт на руски гас преку Турција и други европски земји“, соопштија од Кремљ.
„Во оваа врска беше потврдена и подготвеноста од руската страна да разговара за прашањето за обезбедување и финансирање на грчките државни и приватни компании кои ќе бидат ангажирани во овој проект“, се вели во пораката.
На крајот на април грчкиот премиер Алексис Ципрас соопштил дека Атина може да добие до 3 милијарди евра како аванс во случај на склучување на договор за изградба низ територијата на земјата на транзитен гасовод за испорака на руски природен гас. Според него, како резултат за спроведувањето на проектот на територијата на Грција ќе се создаде европски енергетски центар, што ќе ја намали цената на енергенсите за Грција.
Претходно било јасно дека иако силно се затоплуваат односите меѓу Русија и Грција, Ципрас нема да присуствува на 9 мај во Москва по повод 70-годишнината од крајот на Втората светска војна.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




