26 Мај, 2024
0.0341

Путин не и верува на американската параноја

Објавено во: Свет 03 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин засега не е уверен во првото обвинение кое го покрена американскиот специјален обвинител Роберт Мулер против 13 руски државјани кои се осомничени дека извршиле сајбер напади за време на американските претседателски избори и дека учествувале во планирана стратегија за ширење на дезинформации на социјалните мрежи со кои му помогнале на Доналд Трамп да победи и да внесе конфузија и раздор во американското општество.

Русија најпрво мора да ги анализира доказите за вината на поединци кои се обвинети во САД за вмешаност во претседателските избори во 2016 година, рекол рускиот претседател, Владимир Путин. Потоа, додал тој, Москва ќе може да донесе независна одлука дали се виновни или не.

„Русија не може да одговори на обвинувањата ако обвинетите не ги прекршиле руските закони“, рекол Путин во интервју за американската телевизија Ен-би-си.

„Со сета почит кон вас (водителката Мегин Кели) и Конгресот, мора да имате луѓе кои се стручни во областа на правото и тоа стопроцентно. А високобразованите луѓе мора да разберат дека ние во Русија не можеме кривично да гониме луѓе ако тие не го прекршиле рускиот закон“, објаснил Путин.

Вашингтон ја обвинува Москва за мешање во претседателските избори во 2016 година, а истрагата за овие обвинувања е во тек. Американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќе пати ги отфрли обвинувањата за руска вмешаност, а и Москва повеќе пати ги отфрли обвинувањата дека влијаела на текот на изборите во САД.


Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

„КАРМАТА ЌЕ ЈА СТИГНЕ КАМИЛА“: Еве што пишуваат британските медиуми за кралицата

„КАРМАТА ЌЕ ЈА СТИГНЕ КАМИЛА“: Еве што пишуваат британските медиуми за кралицата

„ЗОШТО ВООПШТО ЖИВЕЕМЕ?“ Маск предизвика земјотрес: Иднината... ќе биде поинаква

„ЗОШТО ВООПШТО ЖИВЕЕМЕ?“ Маск предизвика земјотрес: Иднината... ќе биде поинаква

НЕ Е ГЕРМАНИЈА СРЕДЕНА БИДЕЈЌИ ЛУЃЕТО СЕ ФИНИ, ТУКУ ЗАТОА ШТО УДИРА ПО ЏЕБ: Србин купил куќа и веднаш добил огромна казна, го пријавиле соседите

НЕ Е ГЕРМАНИЈА СРЕДЕНА БИДЕЈЌИ ЛУЃЕТО СЕ ФИНИ, ТУКУ ЗАТОА ШТО УДИРА ПО ЏЕБ: Србин купил куќа и веднаш добил огромна казна, го пријавиле соседите

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата