17 Декември, 2025
0.1963

Путин прави монетарна унија „Русија – Белорусија – Казахстан“

Објавено во: Свет 21 Март, 2015 11:35

Добивај вести на Viber

Руските министерства на економскиот развој и за финансии почнуваат разговори со централните банки на земјите од Евроазиската унија.

Дојде моментот да се зборува за формирање на монетарна унија меѓу Русија, Белорусија и Казахстан, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„Мислам дека е дојдено време да разговараме за можностите за идното формирање на монетарна унија“, вели Путин како резиме од трилатералниот состанок со учество на претседателите на Белорусија и Казахстан. И додаде дека за време на разговорите биле дискутирани и прашањата на Евроазиски интеграција, пренесува АФП.

Според неговите зборови, „кога се работи рамо до рамо, е полесно да се реагира на надворешните финансиски и економски закани и да се заштити нашиот заеднички пазар“.

Заменик-министерот на Министерството за економски развој Алексеј Лихачов за возврат соопшти дека монетарната унија во рамките на Евроазиската економска унија може да биде создаден постепено и во почетната фаза во него можат да влезат не сите земји од обединувањето.

На 29 мај 19014 година Казахстан, Русија и Белорусија потпишаа во Астана договор за создавање на Евроазиска економска унија, кој стапи во сила на 1 јануари 2015 година. Во јануари 2015 година кон Евроазиската економска унија се приклучи Ерменија, а во мај се очекува да се приклучи и Киргистан.

„Јас би предложил да се движиме постепено, како што имам предвид дека на почетокот во унијата можат да влезат не сите земји од интеграциската петорка“, рече Лихачов, пренесуваат „РИА Новости“. Според заменик-министерот, Министерството за економски развој заедно со Министерството за финансии се подготвени да започнат расправа за прашањата за создавање на монетарна унија со централните банки на земјите-членки на Евроазија економска унија.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави