08 Септември, 2024
0.0251

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Тврди дека во источна Украина добро им оди и дека стапката на регрутирање во Русија расте

Објавено во: Свет 06 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин го отфрли значењето на украинската офанзива во рускиот регион Курск, тврдејќи дека таа не го забавила руското напредување во источна Украина и само ја ослабнала украинската одбрана долж фронтот. Путин кажа дека руските сили постепено ги потиснуваат Украинците од Курск, каде што тие упаднаа на 6 август.

„Целта на непријателот беше да нѐ направи нервозни и загрижени и да ги префрлиме трупите од еден во друг сектор за да ја запре нашата офанзива во клучните области, првенствено Донбас. Дали тоа успеа? Не“, кажа Путин.

Тој додаде дека света должност на руските вооружени сили е да ги исфрлат украинските сили од Курск.

„Префрлајќи големи и добро обучени единици во тие погранични области, непријателот се ослабна себеси во клучните сектори и помогнаа да се забрзаат офанзивните операции на нашите трупи“, рече Путин.

Тврди дека руските сили сега освојуваат територија во источна Украина полесно од кога било и дека стапката на регрутирање во Русија расте.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека е важно руските војници да бираат меѓу мир и Путин. 

Руската инвазија на Украина почна пред две и пол години. 

Можеби ќе ве интересира

ТАКСА ОД ДВЕ ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ФОНТАНА ДИ ТРЕВИ: градските власти во Рим ќе воведат нов данок

ТАКСА ОД ДВЕ ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ФОНТАНА ДИ ТРЕВИ: градските власти во Рим ќе воведат нов данок

ОВА Е РОДЕНДЕНСКИ ПОКЛОН: Хари добива над 4,7 милиони евра од тестаментот на неговата прабаба за неговиот 40-ти роденден

ОВА Е РОДЕНДЕНСКИ ПОКЛОН: Хари добива над 4,7 милиони евра од тестаментот на неговата прабаба за неговиот 40-ти роденден

ОРБАН ВО ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ - ги губи привилегиите кај Путин

ОРБАН ВО ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ - ги губи привилегиите кај Путин

ИСКУСЕН ПОЛИТИЧКИ ТЕХНОКРАТ ИЛИ „ФРАНЦУСКИОТ БАЈДЕН“: Може ли Мишел Барние да ја извади Франција од криза

ИСКУСЕН ПОЛИТИЧКИ ТЕХНОКРАТ ИЛИ „ФРАНЦУСКИОТ БАЈДЕН“: Може ли Мишел Барние да ја извади Франција од криза

ДЕНОВИВЕ ДЕТАЛЕН МИРОВЕН ПРЕДЛОГ: директорот на ЦИА, Барнс тврди дека деталите наскоро ќе бидат објавени во јавност

ДЕНОВИВЕ ДЕТАЛЕН МИРОВЕН ПРЕДЛОГ: директорот на ЦИА, Барнс тврди дека деталите наскоро ќе бидат објавени во јавност

ПУТИН ПОСТАВИ НЕЗГОДНО ПРАШАЊЕ - кога ученичката одговараше директорот го фати паника (ВИДЕО)

ПУТИН ПОСТАВИ НЕЗГОДНО ПРАШАЊЕ - кога ученичката одговараше директорот го фати паника (ВИДЕО)

СКАНДАЛ ВО ВРВОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА - министерот поднесе оставка поради афера со советничката, Мелони брзо му најде замена

СКАНДАЛ ВО ВРВОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА - министерот поднесе оставка поради афера со советничката, Мелони брзо му најде замена

КЛИМАТСКАТА КРИЗА „УДИРА“ ПОСИЛНО: и ова лето собори температурни рекорди, „не се само бројките во прашање“

КЛИМАТСКАТА КРИЗА „УДИРА“ ПОСИЛНО: и ова лето собори температурни рекорди, „не се само бројките во прашање“

ОСТАНУВААТ ВО ВСЕЛЕНАТА - Капсулата „Боинг Старлајнер“ се врати дома без астронаути на бродот

ОСТАНУВААТ ВО ВСЕЛЕНАТА - Капсулата „Боинг Старлајнер“ се врати дома без астронаути на бродот