08 Септември, 2024
0.0234

СКАНДАЛ ВО ВРВОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА - министерот поднесе оставка поради афера со советничката, Мелони брзо му најде замена

Објавено во: Свет 07 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Италијанскиот министер за култура Џенаро Сандуљано поднесе оставка поради контроверзите за советничката улога на неговата љубовница, што е удар за владата на премиерот Џорџо Мелони.

Санџулиано, 62-годишен поранешн новинар, се соочи со медиумско лудило откако самопрогласената модна претприемачка Марија Росарија Бока минатиот месец објави дека е назначена за „советник на министерот за големи настани“.

Министерството за култура првично го одби таквото назначување, но Сандуљано подоцна објасни дека се согласил да ја вработи како неплатен консултант пред да се премисли поради конфликт на интереси.

„Сметам дека е неопходно...“

- Сметам дека е неопходно за функционалност на институциите и јас да поднесам оставка - напиша Санџуљано во своето писмо до премиерката Џорџа Мелони, бранејќи ја неговата постапка и негирајќи какво било прекршување на министерските правила.

Сепак, поранешниот министер призна дека Боќа е негова љубовница во емотивното телевизиско интервју во средата, при што им се извини на сопругата и на премиерката, а потоа додаде дека Мелони ја одбила неговата прва понуда да поднесе оставка.



Случајот доминираше во насловите и привлече споредби со минатите секс и политички скандали, вклучувајќи ги и злогласните ноќни забави „бунга бунга“ организирани од поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Мелони брзо го избра Алесандро Џулио, шеф на римскиот музеј за современа уметност „MAXXI“, за нов министер за култура кој ќе положи заклетва подоцна денеска.

Ова е прва министерска смена во нејзината десничарска влада, која функционира солидно во последните две години, со висок рејтинг и соочена со поделена опозиција.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Можеби ќе ве интересира

ОРБАН ВО ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ - ги губи привилегиите кај Путин

ОРБАН ВО ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ - ги губи привилегиите кај Путин

ИСКУСЕН ПОЛИТИЧКИ ТЕХНОКРАТ ИЛИ „ФРАНЦУСКИОТ БАЈДЕН“: Може ли Мишел Барние да ја извади Франција од криза

ИСКУСЕН ПОЛИТИЧКИ ТЕХНОКРАТ ИЛИ „ФРАНЦУСКИОТ БАЈДЕН“: Може ли Мишел Барние да ја извади Франција од криза

ДЕНОВИВЕ ДЕТАЛЕН МИРОВЕН ПРЕДЛОГ: директорот на ЦИА, Барнс тврди дека деталите наскоро ќе бидат објавени во јавност

ДЕНОВИВЕ ДЕТАЛЕН МИРОВЕН ПРЕДЛОГ: директорот на ЦИА, Барнс тврди дека деталите наскоро ќе бидат објавени во јавност

ПУТИН ПОСТАВИ НЕЗГОДНО ПРАШАЊЕ - кога ученичката одговараше директорот го фати паника (ВИДЕО)

ПУТИН ПОСТАВИ НЕЗГОДНО ПРАШАЊЕ - кога ученичката одговараше директорот го фати паника (ВИДЕО)

КЛИМАТСКАТА КРИЗА „УДИРА“ ПОСИЛНО: и ова лето собори температурни рекорди, „не се само бројките во прашање“

КЛИМАТСКАТА КРИЗА „УДИРА“ ПОСИЛНО: и ова лето собори температурни рекорди, „не се само бројките во прашање“

ОСТАНУВААТ ВО ВСЕЛЕНАТА - Капсулата „Боинг Старлајнер“ се врати дома без астронаути на бродот

ОСТАНУВААТ ВО ВСЕЛЕНАТА - Капсулата „Боинг Старлајнер“ се врати дома без астронаути на бродот

„НЕМА ПОГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА АМЕРИКА ОД ТРАМП“: Дик Чејни отворено ја поддржува Камала Харис - и републиканците против Доналд

„НЕМА ПОГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА АМЕРИКА ОД ТРАМП“: Дик Чејни отворено ја поддржува Камала Харис - и републиканците против Доналд

На Британија годишно и се потребни 100 милијарди фунти инвестиции за да ги постигне своите економски цели

На Британија годишно и се потребни 100 милијарди фунти инвестиции за да ги постигне своите економски цели

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Тврди дека во источна Украина добро им оди и дека стапката на регрутирање во Русија расте

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Тврди дека во источна Украина добро им оди и дека стапката на регрутирање во Русија расте