ПРОДОЛЖУВА ЕКСПАНЗИЈАТА НА ЛИДЛ: Се градат три нови продавници, во моментов има 375 илјади вработени во светот
Објавено во: Економија 06 Септември, 2024
Продолжува изградбата на продавници на Лидл во Босна и Херцеговина. По првичното купување на парцели во Сараево, Мостар и Грачаница, Лидл сега стана сопственик на земјиште во Вогошќа, Зворник и Градишка. Покрај оваа милионска инвестиција, предвидена е изградба на три нови продавници, пренесува порталот Индикатор.
Почетокот на работата на продажните капацитети на Лидл во Вогошќа, Зворник и Градишка се очекува во септември. Ова е продолжение на плановите за проширување на Лидл во Босна и Херцеговина. Lidl е дел од Schwarz Group и е една од водечките компании во трговијата на мало со прехранбени производи во Германија и Европа. Лидл има околу 12.350 продавници и над 220 логистички центри и магацини во 31 земја.
Овој синџир моментално има околу 375.000 вработени ширум светот. Лидл во Босна и Херцеговина инвестира и во логистички центар во Лепеница. Овој објект се простира на приближно 60.000 метри квадратни и ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема, со фокус на оптимизација на бизнисот.
Пословни,хр* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.