05 Декември, 2025
0.0391

Ребаланс на буџет: Ситна корекција или нови долгови?

Објавено во: Финансии 07 Октомври, 2013 21:25

Добивај вести на Viber

Ребалансот на буџетот денеска во Собрание ги скара власта и опозицијата, за првите се прави мала корекција, вторите пак сметаат дека се прават нови долгови. Жестока расправа во Комисијата за финансирање и буџет се водеше меѓу министерот за финансии Зоран Ставрески и пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов. Од СДСМ порачаа дека ребалансот е задоцнет, води до нови долгови и се краде иднината на земјата заради, како што истакна Николов, сегашноста исполнета со ветување и реклами кои неносат ништо добро на граѓаните. „Со овој ребаланс вие фактички признавате дека сте влада која живее од денес за утре и влада која не може да дише без кредити, кои ви се како терапија на некој тешко болен и мора постојано да прима кредити како инфузија за да може да преживеете“, посочи Николов кој додаде дека за три години, вклучувајќи ја и 2014-та, владата ќе потроши 900 милиони евра повеќе, отколку што ќе заработи од македонската економија. За министерот Ставрески, станува збор за мал ребаланс кој ја опфаќа само расходната страна. „Се предвидуваат реалокација на средства во делот на платите по основ на корекции, но не се менува предвидниот износ, потоа се предвидуваат дополнителни средства во Фондот за ПИОМ и во Министерството за образование и наука“, рече Ставрески кој истакна дека од почетокот на годината до крајот на септември реализирани се приходи во буџетот од 103.018 милиони денари, а на расходната страна 118.861 милиони денари. Тој повтори дека  редовно се даваат плати, пензии и социјалните надоместоци, а растат капитални инвестиции и зголемени субвенциите. Дефицитот е 3,2 проценти од БДП или 15.843 милиони денари, појасни министерот според кого со ребалансот ќе се обезбедат повеќе средства за пензии и за лабаратории во виско образовните институции. Со ребалансот дел од министерствата остануваат со исти буџети, а кај дел се извршува намалување.За ребалансот има 52 амандмани, а комисиската расправа ќе трае 10 дена. Расправата  за ребалансот на Буџетот утре продолжува.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката