17 Декември, 2025
0.0840

Работа за уште 50 лица со статус деца без родители

Објавено во: Економија 15 Август, 2013 13:09

Добивај вести на Viber

Оглас за вработување на уште 50 луѓе во државната администрација ќе распише Министерството за труд и социјална политика. Огласот е дел од Програмата Д-10 преку која на почетокот на годинава беа вработени 33 лица ,кои до 18 години имале статус на деца без родители и без родителска грижа. Ресорниот министер Диме Спасов денеска најави дека вработувањето на таа категорија граѓани ќе продолжи и во наредните години со цел што поголемо намалување на таа категорија невработени. Лицата кои ги исполнуваат условите за конкурсот ќе можат да аплицираат во наредните 20 дена за добивање соодветен работен ангажман зависно од квалификациите. Согласно Законот за државни службеници се планира вработување на 50 лица во Министерството за труд и социјална политика, со звања помлад соработник, виш референт, референт и помлад референт. Тие ќе имаат статус на државни службеници, а зависно од потребите на институциите ќе може да бидат распоредени во други министерства. - Согласно Програмата Д-10 оваа година ќе бидат вработени вкупно 83 лица, со што значително ќе им се помогне и ќе им се обезбедат услови за нормален живот, постојана работа со цел нивна интеграција во општествениот живот, рече Спасов на прес-конференција. Според него, вкупната бројка на невработени лица со статус деца без родители до 18 години се менува од година во година. - Согласно планот што го имаме направено за наредните 4-5 години очекуваме  речиси целосно намалување на бројот на невработени. Годинава ќе бидат вработени вкупно 83 лица, а за наредните години  планот е од 20 до 40 лица, односно  се очекува во наредните години да има број од 120 до 170 лица со ваков статус, појасни Спасов. Јавниот оглас, покрај во дневниот печат, ќе биде објавен и на веб страницата на Министерството за труд и социјална  политика  www.mtsp.gov.mk,  и на сајтот на Агенцијата за администрација.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?