РАБОТАТ СО МЕТАЛИ И УСПЕВААТ ДА НИЖАТ УСПЕСИ – компанија од Струмица забележа голем раст на добивката
Објавено во: Економија 05 Ноември, 2025 07:50
Компанијата „Неметали Огражден“ од Струмица како и повеќето домашни компании го објави Билансот на успех за изминатиов период од почетокот на годината. А податоците од нивниот Биланс покажуваат огромен раст на добивката која компанијата успеа да ја направи, особено ако се спореди со добивката остварена истиот период минатата година.
Бројките од Билансот на успех на АД за неметали Огражден Струмица за период од 01.01 до 31.09.2025 година откриваат дека компанијата ја зголемила добивката за фасцинантни 332 проценти.
Имено, во извештајот е посочено дека од почетокот на годинава компанијата остварила добивка од 4.019.000 денари, или 65,3 илјади евра.
За споредба истиот период минатата година, вкупната добивка на компанијата достигнувала 930.000 денари или 15 илјади евра.
Од компанијата Неметали Огражден Струмица во објаснувањето на Билансот на успех посочуваат дека оперативните приходи во периодот на известување во однос на истиот период претходната година се намалени за 2 проценти.
- Приходите од продажба покажуваат зголемување од 18 отсто и тоа на домашен пазар од 37 проценти и 12 отсто на странски пазар.
Останатите оперативни приходи се намалени за 97 проценти заради приходот остварен од продажба на удели во други субјекти во претходна година – се посочува во објаснувањето.
Меѓу другото од компанијата укажуваат дека оперативните расходи во периодот на известување во однос на истиот период од претходната година покажуваат намалување од 1 отсто.
- Трошоците за суровини и други материјали се зголемени за 11 отсто од кои трошоците за суровини се намалени за 46 проценти, трошоците за енергија се зголемени за 20 отсто, а трошоците за резервни делови се зголемени за 312 проценти.
Трошоците за услуги се намалени за 48 отсто, додека останатите трошоци од работењето се зголемени за 8 отсто – се потенцира во објаснувањето.
Во текот на анализираниот период компанијата ги зголемила трошоците за вработени за 11 проценти во споредба со претходната година. Сепак, финансиските расходи се намалени за 19 проценти.
Основна дејност на компанијата „Неметали Огражден“ АД Струмица е експлоатација и преработка на минерални суровини, производство и продажба на готови сопствени производи за потребите на хемиската, стакларската, фармацевтската, порцеланската и градежната индустрија.
Неодамна од компанија известија дека вложиле во погон за производство на суви прашкасти градежни производи во ДПТУ Огражден-Микромикс, друштво кое е во целосна сопственост на АД за неметали Огражден, со што дошло до намалување на трошоците за суровини.
П.О.Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




