01 Август, 2024
0.0279

РАБОТАТА ГО ОДРЖУВА ЧОВЕКОТ: Aктивниот живот ја подобрува циркулацијата, ги намалува шеќерот и маснотиите, го елиминира стресот

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Активниот живот носи многу бенефити за здравјето на луѓето. Физичката активност придонесува за намалување на стресот, шеќерот и маснотиите во крвта, за подобра циркулација, кондиција и слично. Активноста придонесува за подолг и поквалитетен живот.

„Активноста секако дека е многу корисна. Порано луѓето живееле долго, затоа што сите имале и бавча и лозје, и покрај другата работа, оделе до бавча, лозје, да ја исчистат тревата, да работат, животот бил таков на овие простори. Ако собирале праски, тоа значи 1.000 пати да се наведнат и станат. Но, како поминуваше времето, луѓето се пред телевизори, седат со мобилни телефони во рацете, не се движат. Се случува луѓе кои не пушат и немаат дијабетес, да имаат проблеми со циркулацијата. Но, ако сте активни, ако денес одите 10 километри, иако делува многу, секако е добро. Не е лошо да пешачите еден час во текот на денот. Шеќерот се намалува, мускулите се активни, се подобрува циркулацијата, маснотиите паѓаат, сите ризик фактори за болести се намалуваат, стресот се намалува“, вели докторката Лидија Чолакова Дервишова.

Психологот Јаворка Постоловска објаснува дека луѓето кои работат, имаат активен живот со обврски, се чувствуваат исполнето. Таа додава дека секој човек треба лично да одлучи која активност најмногу му одговара и со што сака да се занимава.

„Работата поттикува позитивни мисли, оптимизам, очекувања, го намалува стресот. Физички и психички, работата го одржува организмот. Луѓето можат да чуваат миленици, добиток, да обработуваат градина, секоја според своите способности“, рече Постоловска.

Граѓаните велат дека работата, посветеноста на некое хоби, пешачењето, активниот живот ги одржува витални.

„Јас имам повеќе од 70 години и сум активна. Ако порано сум работела на село, сега ги вршам сите домашни обврски, пешачам“, вели Лепа Смилева, пензионерка.

И другите анкетирани го делат истиот став.

„Нормално дека активноста придонесува да се чувствуваме подобро и исполнето. На сите им препорачува да покажат интерес кон нешто“, додава Сузана Петковска, граѓанка.

Во трета доба, луѓето велат дека е добро да се биде активен.

„Работата опоравува. Живеам во куќа, работам во дворот, имам цвеќиња, голем љубител сум на цвеќето и се чувствувам многу добро“, рече Љубица Трпкова, пензионерка.

Mногу студии покажале дека вежбањето го подобрува расположението и ги намалува чувствата на депресија, анксиозност и стрес. Активноста помага во регулирање на тежината, ја зголемува енергијата, го намалува ризикот за појава на многу болести, се подобрува меморијата. Се верува дека 10.000 на милион смртни случаи годишно би можеле да се спречат доколку возрасните на возраст од 40 години и постари ја зголемат својата физичка активност. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повеќе земји ќе помогнат за гаснење на пожарите, уапсени се неколку лица за подметнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повеќе земји ќе помогнат за гаснење на пожарите, уапсени се неколку лица за подметнување

СЕ ЧУВСТВУВА СИЛЕН МИРИС: Облаци чад се разнесуваат на автопатот Куманово-Скопје

СЕ ЧУВСТВУВА СИЛЕН МИРИС: Облаци чад се разнесуваат на автопатот Куманово-Скопје

ТРАЕ БОРБАТА СО ПОЖАРИТЕ: Во два града во Источна Македонија воздухот е восоко загаден

ТРАЕ БОРБАТА СО ПОЖАРИТЕ: Во два града во Источна Македонија воздухот е восоко загаден

ОПАСНО ПО ЗДРАВЈЕТО: Чадот од пожарите може да го зголеми ризикот од деменција

ОПАСНО ПО ЗДРАВЈЕТО: Чадот од пожарите може да го зголеми ризикот од деменција

НАЈЧЕВСКА: Општество кое не се менува е всушност лешина која се распаѓа

НАЈЧЕВСКА: Општество кое не се менува е всушност лешина која се распаѓа

ВДИШАЛ ЧАД: Пожарникар од Штип заврши во болница

ВДИШАЛ ЧАД: Пожарникар од Штип заврши во болница

СИЈАРТО ЌЕ ПРАТИ ВОЗИЛА: Употреби термин „северномакедонски пријатели“

СИЈАРТО ЌЕ ПРАТИ ВОЗИЛА: Употреби термин „северномакедонски пријатели“

ПОЛИЦИЈАТА Е НА ТЕРЕН: Приведени се повеќе лица кои подметнале пожар

ПОЛИЦИЈАТА Е НА ТЕРЕН: Приведени се повеќе лица кои подметнале пожар

СЕ ЗДОБИЛЕ СО ПОВРЕДИ: Пожарникари се превртеле со возилото при гаснење на пожар во Oрел

СЕ ЗДОБИЛЕ СО ПОВРЕДИ: Пожарникари се превртеле со возилото при гаснење на пожар во Oрел