Работниците цел месец гратис работат за газдите
Објавено во: Балкан 03 Мај, 2014 08:57
„Се повеќе вработени во продавница работат за минимална плата, без никакви други права. Во трговските друштва каде нема колективен договор, работодавачот еднострано намалува или укинува дел од платата. Ја намалуваат платата или укинуваат до 30 одсто, ги намалуваат надоместоците за трошоците за превоз, не ислаќаат награди и останати матерјални права“, истакнува Златица Штулиќ, претседателка на Синдикатот, надополнувајки дека продавниците работат се подолго со ист или намален број на вработени.Продавачите кои остануваат на своите работни места, извршуваат повеќе работи, тајните купувачи непрекинато ги надгледуваат и оценуваат. Дневните одмори се често неостварени, годишните одмори за работодавачите се предолги, боледување за работникот - вистински луксуз, нагласува за „Нови Лист“ Штулиќ. Таа објаснува и дека фискализацијата во Хрватска воопшто не помогнала за решавање на прекувременото работно време и за следење на работното време. Работниците по завршувањето на примарните обврски, на благајната работат друг тип на работа и повторно одработуваат прекувремени работни часови. Синдикатот предупредува на тоа дека настанала нова категорија- “доброволно прекувремено работно време“ која е незаконска и неподнослива. Синдикатот пресметал и дека секој работник во продавница на работодавецот му подарува просечно 174 часа работа секоја година, односно еден месец од своето работење. Со оглед на тоа што во малопродажба во Хрватска вработени околу 94.000 работници, излегува дека тие на работодавачите им подаруваат вкупно повеќе од 16,3 милиони работни часови. К.К.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




