Работниците со ниски примања ќе добијат субвенции за одмор
Објавено во: Економија 10 Март, 2021
И оваа година ќе има субвенции за работниците со ниски примања. Со 15.000.000 денари ќе се субвенционираат работниците со ниски приходи за да одат на одмор.
Ова денеска го најави министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Претходната година имавме над 12.000.000 денари определени за оваа програма заедно со ваучерите кои ги доделивме за домашен туризам, а оваа година согласно буџетот на Министерството одлучивме да одиме со 15.000.000 денари за првиот дел на годината. До крајот на годината, ако се искористат сите пари ќе најдеме други можности и внатре во Министерството за економија, но и преку потенцијален ребаланс на Буџетот на државата да ги надополниме средствата доколку се реализираат 100 процентно“, рече Бектеши.
Минатата година се искористени 70 отсто од парите за субвенции за годишен одмор и за ваучери за домашен туризам. Со оваа мерка треба да му се помогне на туристичкиот сектор кој е во криза поради пандемијата на коронавирусот. Целта е да им се помогне и на ранливите категории на граѓани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.