27 Април, 2025
0.0279

„Работниците во Македонски шуми гаснат пожари, буквално, по влечки!“: Левица со остра реакција за состојбата со пожарите

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2024 19:39

Добивај вести на Viber

Пожарите кои веќе десетина дена беснеат низ државата, на површина ги извадија бројните проблеми напластени во нашата држава. Иако, пред кратко време имавме сериозен проблем со пожарите и во ганењето ни помогнаа европските држави, и овој пат, справувањето оди отежнато, што е причина повторно да ни е испратена помош, но и за бурни реакции во јавноста. 

- Иако последните години сè почесто се случуваат огромни пожори во летните периоди, држава никако не ја научи лекцијата. Пожарникарите оставени без соодветна техника и опрема, во број далеку под минималниот стандард со просечна старост од 36 години; нема обезбедено пилоти за ер - тракторите, а згора на сè, работниците во ,,Македонски шуми" гаснат пожари, буквално, по влечки!

Дали можеше да се превенираат дел од пожарите? Колку хектари шума ќе беа спасени од огнената стихија доколку како држава поседуваме соодветна противпожарна техника? Зошто работниците се принудени сериозно да го загрозуваат својот живот поради необезбедувањето соодветна опрема од државата? И главното прашање: Kој ќе поднесе одговорност за целонастанатата ситуација? - прашува „Левица“ 

Потоа додаваат, додека државата брутално гори, наместо прогласување на кризна состојба и вложување на максимум да се спречи еколошката катастрофа која ни се случува, во медиумите читаме за нови задолжување и државни обврзници, за прошетки на премиерот Мицковски од Вашингтон до Лондон, за пријавени поклони вредни стотици илјади евра од Владиниот секретар, но не гледаме никаков сериозен напор на централната власт за надминување на оваа пеколна криза!

- Државата е доведена во состојба да не може да превенира и да се справува со пожарите во летниот период. За системската негрижа на ДПМНЕ и СДСМ и неинвестирање во системот за противпожарна заштита, данокот го плаќаат македонските шуми, планини и полиња!

Оваа состојба е последица на несовесното работење на владеачките елити, но и забавените и несоодветни реакции на Кризниот штаб изминатата седмица! 

Потребно е итно ставање на сите ресурси во насока на локализирање на пожарот, а потоа - понесување ОДГОВОРНОСТ за целата ситуација. Дополнително, неопходно е купување на нова противпожарна опрема, обука на пилоти за ер - тракторите и зголемување на бројот на пожарникари пред да се случат нови вакви катастрофи! - нагласуваат од партијата во соопштението испратено до медиумите. 


Можеби ќе ве интересира

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО