„ЗА СРЕЌА НЕМА ПОСЛЕДИЦИ ПО ДОМОВИТЕ И ГРАЃАНИТЕ“: градоначаникот Јанчев вели утре ќе се изгаснат дел од пожарите

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2024 21:46
За среќа, штетите што беа предизвикани од пожарите се незначителни, односно немаме изгубено шума од висок карактер, туку претежно грмушки, сува трева и смреки. И што е најважно, на целокупната територија каде избувнаа овие пожари нема материјални штети ниту пак последици по домовите и домаќинствата на граѓаните, објави вечерва на фејсбук кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој раководи со регионалниот Кризен штаб за борба против пожарите во државата.
- Со мерките кои беа преземени во изминатите два дена од заседавањето заедно со министрите за внатрешни работи и одбрана на Македонија и градоначалниците од соседните општини, како и со ресурсите кои беа на располагање од АРМ, МВР, ЦУК, ДЗС, ТППЕ од сите општини, јавните претпријатија, приватниот сектор и воздухопловство и со оние кои беа дојдени на помош од страна, успеа да се изгасне пожарот во Радовиш, Неготино и неготинско, а другите пожари во Штип кај селата Пухче и Селце се под контрола, целосно локализирани и се очекува утре да се изгаснат, напиша Јанчев.
Тој соопшти дека пожарите кај Градско, село Подлес, Росоман кај село Сирково, село Мрзен и Фариш, Чашка кај Горно и Долни Јаболчиште и планина Лисец, се локализирани, под контрола и истите се очекува утре целосно да бидат изгаснати.
- Голема благодарност за максималната поддршка и брзата реакција од страна на Владата на Република Македонија, до АРМ, МВР, ЦУК и ДЗС, како и до ТППЕ од сите засегнати општини, јавните претпријатија, нашите жители и градоначалниците кои неуморно и истрајно работеа во борбата против пожарите. Голема благодарност и до нашите пилоти од АРМ, МВР, ДЗС, но и пилотите кои беа на терен покрај нас, од соседните пријателски држави, сподели Јанчев.
Можеби ќе ве интересира
ПРИТВОР ЗА „АДИТИВ“: ОЈО ГОКК ги објави деталите за што се сомничи првата антикорупционерка

СЛЕДИ СУДЕЊЕ: Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин
Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи
