РАБОТНО ЛЕТО ЗА МИРНА ЗИМА! Кои наши три банки направија 49 милиони евра профит за 92 дена?
Објавено во: Економија 09 Ноември, 2023
Во трите летни месеци (јули, август и септември) трите најголеми банки заедно направија 49 милиони евра профит за 92 календарски дена. Тоа е за 16,9 милиони евра односно 53% повеќе добивка од летото лани. Очигледно е дека синтагмата дека летото за мртва сезона за многу бизниси не важи за банките. Тие се исклучок од правилото затоа што кај нив секогаш е топ сезона!
Најголемите три деловни банки во земјава имаат одлични резултати годинава. А особено висок раст бележат нивните финансиски перформанси ова лето во споредба со истиот период лани. Генерално, акционерите на сите три најголеми банки можат и треба да бидат задоволни од развојот на настаните годинава. Затоа што менаџерите сериозно и посветено ја поставиле работата, а сите други ешалони на банките ефикасно ги остваруваат поставените цели.
Евидентни се силно изразени растови на добивките кога ќе се споредат третиот квартал годинава со периодот јули-септември 2022 година. Еве на пример, на квартално ниво, НЛБ банка годинава за периодот јули-септеври книжи раст на добивката за 52%!!!
Кај најголемата домашно поседувана банка, која воедно и најголема банка според активата, а тоа е „Комерцијална банка“ состојба е следна: кварталниот профит за најжешките месеци годинава е за 44% повисок во споредба со истиот период лани.
Кај „Стопанска банка Скопје“ најголемиот учесник на пазарот на кредитирање граѓанство односно дмаќинства, годинава во летните месеци добивката е 15,9 милиони евра или најдобри во конкуренијата 63%!
Како што веќе објавија во своите образложенија банките своите резултати ги темелат на исклучително позитивната и интензивна конјуктура на каматни стапки со особен аспект на драстичната разлика меѓу активните и пасивните каматни стапки на македонскиот банкарски пазар.
А доказ за тоа се евидентните разлики меѓу нето приходите од камати во летниот квартал годинава и лани кои се дадени во табелите подолу.
Р.Ф.foto freepik.com/tetiana_tychynska