РАДИКАЛНИ МЕРКИ: Ако короната се прошири во Северна Кореја тоа ќе биде фатално
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Ноември, 2020
Во Северна Кореја е вклучен алармот за да не се прошири коронавирусот.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун нареди егзекуција на најмалку две лица, забрани рибарење на море и го стави Пјонгјанг под карантин.
Целта е да се спречи вирусот да не стигне до морето. Пјонгјанг и провинцијата Жангандо на северот на земјата се ставени во карантин.
Севернокорејските власти тврдат дека во земјата не е регистриран ниту еден случај на коронавирус, но странците се сомневаат.
Појавата на пандемијата би можело да има страшни последици поради состојбата на здравствениот сектор во земјата и поради изолираноста која со себе носи недостиг на медицински средства.
Владата им наредила на дипломатите во странство да се воздржат од било какви потези кои би можеле да ги испровоцираат САД поради загриженоста од нов пристап на земјата која ќе ја управува Џо Бајден.
Од јужнокорејската разузнавачка служба пренесуваат дека властите на Северна Кореја минатиот месец наредиле егзекуција на лица од менувачница кои ги сметале за одговорни за падот на девизниот курс.
Во неколку островски земји во светот нема ниту еден починат од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.