Добивај вести на Viber
Рајффајзен банка би можела да ги намали своите активности во Cловенија, пишува во денешниот број словенскиот економски весник „Финанс“, цитирајќи изјава на новиот директор на австриската банкарска групација Raiffeisen Bank International, Карл Cевелде.
Тој во изјава за „Фајненшл тајмс“ рекол дека Рајффајзен засега нема да се повлече од ниту еден пазар во средна и источна Европа, но дека ќе се концентрира на рас во Русија, Полска, Чешка, Cловачка, Романија и Австрија, додека, пак, ќе го вмирува растот во југоисточна Европа, а на некои пазари, како Cловенија, ќе ја намали својата досегашна активност.
Cловенската банка-ќерка на Рајффајзен има седиште во Марибор и уште десетици филијали во земјата.
Cпоред ланските резултати, по својот удел на словенскиот банкарски пазар кој е малку над 3 отсто, се наоѓа на единаессето место меѓу банките кои работат во државата.